Француската модна куќа Zadig & Voltaire ја дополни женската мирисна линија Girls Can Do Anything со парфемот наречен Girls Can Be Crazy. Мирисот ја следи слатката тема од претходните изданија, започнувајќи со Girls Can Do Anything од 2018 година и изданието Girls Can Say Anything од 2019 година.

Girls Can Be Crazy! Слоган или филозофија?

Глас на нов вид муза, горд, насекаде каде не би го очекувале. Уметност на живеење по самиот раб. Oваa есенција дефинитивно ќе ви даде една луда доза на висока енергија.

Секогаш повеќе глам, секогаш повеќе рокенрол!

Girls Can Be Crazy е „ексцентрична“ верзија на мирисната колекција, наменет за глам и рок стил на живот. Ванила ориенталниот мирис за жени е мешавина од акорди на круша, забавен акорд од Кока-Кола, сандалово дрво, јасмин и ванила. Мирисната композиција ја креира парфимерот Quentin Bisch.

- Реклама -

Шишето и амбалажата на женското издание Girls Can Be Crazy сега е украсено со блескаво розово злато. Мотото? Мора да биде блескаво!

Zadig & Voltaire Girls Can Be Crazy е достапен во шишенца од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име