- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога креираме маникир за себе, апсолутно секој трик што ќе го олесни овој процес е добредојден. За среќа, социјалната мрежа Инстаграм нуди разни трикови кои ќе ни помогнат да ги создадеме најубавите маникири. Од инспирација за nail art, тренди бои за секоја сезона до најдобрите совети за тоа како да создадете најубав маникир – социјалните мрежи имаат одговор на секое прашање.

Најчесто сме опседнати со најновите и најдобрите бјути производи кои пристигнуваат на пазарот, но постои причина зошто некои класици секогаш наоѓаат место во нашите козметички несесери. Еден од омилените производи што се наоѓа во орманите во бањите ширум светот е вазелинот. Овој производ со причина постои веќе 150 години. Тоа е чудесен производ кој извршува разни задачи и ја негува кожата. Вазелинот не е наменет само за третман на изгореници или за нега на усните. Покрај тоа што ќе ве хидрира од глава до пети, тој ќе ви помогне да создадете најубав маникир.

Трик за кутикулите околу ноктите за лак без дамки!

Вазелинот е најдобрата скриена тајна за уреден маникир. Пред да започнете со лакирање на вашите нокти, земете вазелин и нанесете го на кутикулите околу вашите нокти со помош на стапчиња за уши. Ова ќе спречи да го размачкате лакот на кутикулите за време на лакирањето. Вазелинот создава бариера помеѓу вашите нокти и кутикулите, така што на наједноставен начин и без да го размачкате лакот, можете да ги избришете сите грешки кога ќе завршите со нанесување на лак. Само внимавајте да не ставате вазелин на вашите нокти бидејќи нема да можете рамномерно да нанесете лак.

- Реклама -

Бонус трикови за најубави нокти!

Ако подолго време носите темен лак и ако се обидувате да ги отстраните дамките од лакот, тоа можете да го направите со помош на било која паста за белење на заби и влажна четка. Повеќе не мора да се плашите од темно виолетови, зелени или сини нијанси на лакови.

Плус, ако вашиот нокт случајно напукне, можете да го поправите со помош на вреќичка за чај. Напукнатиот нокт не само што ја нарушува естетиката на маникирот, но често е многу болен. Наместо целосно да го скратите, можете да исечете мал квадрат од неискористена кесичка за чај и да ја залепите преку пукнатината со лепак за нокти за да го запечатите. Потоа налакирајте ги вашите нокти со неколку слоја лак.