Во борбата против урбаниот замор, Lancôme започна да се насочува кон науката од иднината наречена метаболомика се со цел создавање на Énergie De Vie (Енергија на животот) линијата. Создадени се производи на новата генерација за нега на кожата, кои овозможуваат антиоксидантна енергизација и хидратација.

Energie de viе е  ветување на едноставни и високо ефективни рутини. Негување, висока концентрација на влажност на кожата кои помагаат за ре-енергизација на кожата и ја прават поздрава и посјајна.

Како изгледа денешниот живот на луѓето кои се на возраст од 25-30-та година?

Оваа генерација на луѓе највеќе ја осеќаат финансиската криза и дигиталниот напредок на светот. Ова е пост-модерна генерација која е свесна дека е прва во историјата  која  живее во свет на бесконечни познавања и искуства. Луѓето живеат повеќе животи во еден. Сакаат да постигнат се и да откријат се.

Сето ова е причината за се поголемиот замор и стрес. Урбанизацијата си го прави своето.

За оваа автентична и високо информирана генерација, Lancôme ја создаде линијата за максимална хидратација и оживување на кожата наречена: Énergie De Vie. Дозволете Lancôme да ја зајакне вашата кожа и да и даде енергија во текот на целиот ден исполнет со обврски.

- Реклама -

Резултатите од користењето на линијата Énergie De Vie се следниве:

Повеќе хидратантна, сјајна, свежа и енергична кожа! Благодарение на Lancôme, можеме да се избориме со заморот!

Day Cream:

Долготрајната, енергична и антиоксидантна крема Energie de Vie, во својт состав содржи коктел од внимателно избрани состојки како француски лимон и бобинки гоџи. Оваа крема е создадена за да одржува резерви на енергија и да го зајакне потенцијалот за самоодбрана на кожата притоа овозможувајќи и повторно да функционира со полн капацитет.

Pearly Lotion:

Овој изненадувачки лосион содржи голем број на проѕирни бисери во повеќе големини. Кога ќе го нанесете на лицето ја чувствувате свежината на течноста која дава енергија.

Liquid Care:

Носител на една нова визија за нега на кожата. Создаден за да биде свеж како лосион, концентриран како серум, навлажнувачки како крема. Богат со навлажнувачки антиоксиданси кои го јакнат лицето, а кожата ја прават свежа и блескава.

Sleeping Mask:

Врши ‘’корекција’’ на кожата која во текот на денот полн со обврски претрпела одредени стресови. Текстурата е на база на вода која овозможува одржување на температура на лицето на 18 степени целзусови за пријатно чувство на свежина во текот на спиењето. Формулата на маската помага за зајакнување на природната бариера на кожата и ја одржува оптималната влажност на кожата.