- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Радоста според Mexx доаѓа во обичните, секојдневни и мали моменти од животот кои ги доживуваме секој ден во градот. Околу нас има толку многу изненадувачки моменти кои често не ги ни забележуваме, бидејќи  ние не ни погледнуваме наоколу за да ги забележиме. Look Up Now е создаден токму за малите големи моменти кои ќе ве изненадат кога ќе погледнете наоколу во вашиот секојдневен живот.

Look Up Now! За да видите како и со што светот може да ве изненади!

За да ги доживеете секојдневните изненадувачки моменти, треба само да разгледате наоколу: видете го прекрасното зајдисонце, откријте го новиот уметнички графит. Прошетајте во вашата околина, дајте му внимание на се во животот и погледнете сега (Look Up Now) за да видите како и со што светот може да ве изненади.

За мирисите!

Комбинацијата од состојки во Mexx Look Up Now мирисите ќе ве изненади, исто како да сте влегле во скриената градска градина: градина која ќе ја забележите само ако погледнете во вашиот секојдневен живот! Карактеристичните ноти на базата од овие секојдневни мириси и боите на шишенцата ги истакнуваат главните состојки и ја оживуваат свежата суштина на мирисот. 

Mexx Look Up Now Man

Акордот на озон од синото градско небо, комбиниран со капки од зелена круша во Mexx Look Up Now Man ќе ве инспирираат да го дадете најдоброто од себе и да му дозволите на градот да ве изненади!

Високите ноти од круша и озонски акорди набрани во градската градина ве покануваат да ги разгледате и да навлезете во вашите урбани опкружувања. Срцевите ноти од ливчиња од пачули и водени цвеќиња ја отсликуваат освежувачката разиграност на денот, додека основните ноти го даваат елегантниот потпис од мошус и килибар.

- Реклама -

Mexx Look Up Now Woman

Mexx Look Up Now Woman ќе ве натера да го почувствувате градот како никогаш претходно со неговата изненадувачка комбинација од праска, дива малина со нежен јасмин и кедарово дрво.

Сочните, овошни горни ноти од светла праска, мандарина и дива малина ќе ве изненадат со нивната пенлива свежина. Цветните ноти од гарденија, јасмин и тубероза во срцевината, додаваат нежен, женствен допир на разиграната композиција и ве водат право до градските градини. Нотите од кедаровото дрво се изградени врз сензуалните акорди од ванила. Сето тоа во основата е обвиено со сандалово дрво, на тој начин комплетирајќи го освежувачкиот мирис.