Парфемска премиера! Guerlain La Petite Robe Noire Eau de Parfum Velours

Guerlain го претстави La Petite Robe Noire Velours – Ma Robe Velours (Мојот кадифен фустан), новиот женски мирис од колекцијата La Petite Robe Noire. La Petite Robe Noire Velours е најновото продолжение на мирсната приказна La Petite Robe Noire од 2012 година.

Ma Robe Velours – Исклучително неодолив, шик и гламурозен мирис!

La Petite Robe Noire Velours најавен е како сосема есенцијален и исклучително неодолив, шик и гламурозен мирис. Како нова интерпретација на оригиналот од 2012 година, го открива современиот аспект на женственоста.

Мојот кадифен фустан – Црна роза и љубичица!

Композицијата е пудреста, цветно-овошна со фокус на црна роза и љубичица. Нотите на вишна се издигнати со брилијантни и свежи акценти на бергамот и мандарина. Другите мирисни акорди вклучуваат бадем, црн чај, тонка и пачули.

Мирисната креација ја потпишаа парфимерите Thierry Wasser и Delphine Jelk.

Guerlain La Petite Robe Noire Velours е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *