Coco Mademoiselle L’Eau Privée е најновата интерпретација на модерниот култен парфем на модниот и бјути бренд Chanel – Coco Mademoiselle. Оваа мирисна новина ја промовира идејата за „ноќен мирис“ за префинет и интимен начин на носење на парфем. L’Eau Privée мирисната верзија е дизајнирана да се нанесе на кожата или косата како ритуал пред спиење.

L’Eau Privée наследник на Coco Mademoiselle од 2001 година!

Култниот женски парфем Coco Mademoiselle беше претставен во 2001 година како храбар, модерен и ориентално-цветен мирис со цитрусни овошја, роза, јасмин и сладок пачули.

Мирис создаден да се нанесува како елегантен ритуал пред спиење!

Coco Mademoiselle L’Eau Privée е лесен ориентален мирис, специјално направен за ноќ, но не за ноќни излегувања, туку за носење во кревет. Мирисна композиција од роза, јасмин и мошусни ноти, создадена е да се нанесува на кожата како елегантен ритуал пред спиење. Композицијата е потпишана од парфимерот на Chanel, Olivier Polge кој го прилагоди овој парфем за новата намена со намалување на дозата на дрвенести акорди и интензивирана свежина на мандарина и обезбедување дополнителна нежност на цветните акорди од роза и јасмин.

- Реклама -

Новото L’Eau Privée шише во мат изработка!

Шишето ја задржува формата на оригиналниот Coco Mademoiselle, но овој пат изработено во матирачко стакло.

Chanel Coco Mademoiselle L’Eau Privée доаѓа во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.