- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Се повеќе прашања од обожавателки на траен маникир, кои не знаат како сами да го отстранат трајниот лак од ноктите во домашни услови. Затоа, решив накратко, чекор по чекор, да ви ја објаснам постапката за отстранување на трајниот лак.

Што се ви е потребно!

Ако трајниот лак е нанесен правилно, на вашите нокти треба да трае околу две недели без да се лупи и да пука на врвовите. Кога ќе забележите дека вашите природни нокти пораснале, сигурно време е за надоградба или отстранување. Ако сте решиле дека време е да го отстраните трајниот лак од ноктите, никогаш не се обидувајте да го излупите лакот од ноктите, бидејќи така ќе го отстраните и природниот слој од ноктите.

За отстранување на трајниот лак од ноктите треба да користите:

Турпија,

- Реклама -

Метален потиснувач на кутикули или дрвен обликувач на кутикули,

Средство за отстранување на лак со што е можно повеќе проценти на ацетон или 100% ацетон,

Алуминиумска фолија,

Вата,

Блок турпија за полирање,

Масло за нега на кутикули,

Крем за раце,

Постапка!

Со турпија скратете ги ноктите до саканата должина и обликувајте ги. Некои трајни лакови имаат многу силен сјаен дел на површината, па затоа неопходно е најпрво да го отстраните сјајниот дел од површината со турпија, за ацетонот да навлезе длабоко во основата. Натопете парче памук во отстранувач на лак со ацетон, ставете памук на секој нокт и завиткајте ги прстите со фолија. Кога сите прсти ќе ги завиткате со фолија, почекајте околу 15 до 30 минути.

Сега извадете ја фолијата од ноктите. Трајниот лак треба да набабри и лесно да се отстрани од плочата од ноктите. Ако останат некои делови од трајниот лак на ноктите, нежно отстранете ги со метален потиснувач на кутикули или дрвен обликувач на кутикули.

Ако не можете лесно да го отстраните трајниот лак, ставете повторно вата натопена во ацетон на ноктите и почекајте уште неколку минути. Никогаш не отстранувајте го трајниот лак грубо или со сила. Кога ќе се отстрани целиот траен лак, со блок турпија за полирање исполирајте ги ноктите до сјај, потоа отстранете ја прашина со вода и сапун, а на крај нанесете масло за нега на кутикулите и хидратизирајте ги рацете со крем за раце.