- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дерматолозите на познатиот козметички бренд Clinique ги одобрија Blackhead Solutions производите за да помогнат во чистење на кожата на лицето од несаканите црнки без да се стискаат, без болка и несакани лузни.

 

Clinique Blackhead Solutions 7 Day Deep-Pore Cleanse & Scrub

Clinique го претстави револуционерниот 3во1 производ – Blackhead Solutions 7 Day Deep-Pore Cleanse & Scrub, кој ви нуди да се ослободете од црните митисери засекогаш. Новиот Blackhead Solutions 7 Day Deep-Pore Cleanse & Scrub е мултифункционално средство за чистење на порите на лицето наменето за секојдневна употреба. Овој уникатен иновативен 3во1 производ, кој делува како чистач, пилинг и маска, ефикасно ги отстранува акумулираните нечистотии и вишокот на маснотии, за постигнување на свеж, мат и мазен изглед на кожата на лицето, уште по првата употреба. Резултат е до 75% веднаш видливо намалување на порите.

Наменет за сите видови на кожа, бидејќи нежно ги чисти црнките користејќи механичка и хемиска ексфолијација. Со секојдневна употреба, кажете збогум на црнките за само 6 недели.

Како делува!

Богатата формула со салицилна киселина и гликозамин е моќен спој кој делува како хемиски ексфолијант за да се намали појавата на црнки, ефикасно отстранувајќи ги мртвите клетки на кожата и вишокот на маснотии.

- Реклама -

Состојките како нежен пилинг, обезбедуваат механичка ексфолијација и чистење со цел да се одзатнат порите со отстранување на нечистотиите и маснотиите.

Каолин: Високо впивлива глина, која помага да се отстранат токсините од околината, кои се лепат на кожата, нечистотиите и маснотиите што предизвикуваат затнување на порите и создавање на црни митисери.

Анти-иританти за смирување на кожата!

Глицерин и витамин Е: Навлажнувачки состојки кои кожата ја прават удобна на допир, без чувство на затегнување.

Како да се користи!

За дневна употреба (наутро и навечер) како чистач и пилинг – нежно нанесете со  кружни движења мала количина на чисто и влажно лице. Избегнувајте ги областите околу очите. Исплакнете со млака вода и нанесете крем.

Како 5 минутна маска – нанесете тенок слој на чиста и сува кожа 2-3 пати неделно, по потреба. Исплакнете со млака вода и нанесете крем.

Исто така достапен: Clinique Blackhead Solutions Self-Heating Blackhead Extractor

Овој нежен производ од Clinique за ефикасна борба против црнките, претставува уникатен третман кој овозможува ефикасно да ги отстраните црни митисери без болка и лузни.

Blackhead Solutions Self-Heating Blackhead Extractor се загрева само во комбинација со вода за одзатнување на порите, додека апликатор работи како нежен екстрактор за извлекување на црнките од порите и тоа со голема ефикасност за само една недела и скоро 100% ефикасност за период од шест недели.

Откако ќе се активира со вода, термичката технологија ги отвора порите, го омекнува самиот врв на црнката. Погоден за сите типови на кожа, оваа комбинација на хемиски и механички ексфолијанти помагаат да се отстранат мртвите клетки на кожата за кои се знае дека предизвикуваат формирање на црни митисери кои ги растегнуваат порите.

Blackhead Solutions Self-Heating Blackhead Extractor моментално го намалува бројот на црни митисери, помагајќи да се спречи појавата на нови. Кожата станува почиста, мека и мазна.

Како делува!

Магнезиум сулфат: состојка која во комбинација со вода, обезбедува само-загревање што ги отвора порите и ефикасно ги отстранува црните митисери.

Како да се користи!

Нанесете тенок слој на површината погодена од црни митисери. Навлажнете ја областа каде што го нанесовте производот за да ја активирате топлината. Масирајте 15-30 секунди со апликаторот. Исплакнете со млака вода.