После исклучително успешната Genesis линија за нега и зајакнување на женската коса склона кон опаѓање, Kérastase го претстави Genesis Homme – комплетен луксузен асортиман на производи за погуста коса и против опаѓање на косата за новата генерација мажи.
Оваа високо развиена линија за нега и обликување на косата на секој современ маж му обезбедува сеопфатна нега и двонасочен пристап кон опаѓањето на косата. Kérastase успеа да развие совршено решение за опаѓањето на косата кај мажите. Линијата содржи унапредени активни состојки кои ги напаѓаат причините поради кои опаѓа косата.
Како и женската Genesis линија, машката линија ја краси дискретен, но луксузен дизајн и опоен мажествен мирис карактеристичен само за линијата Genesis Homme.
Мал број од мажите користат некаков третман против опаѓање!
Сигурно сте свесни дека само мал број од мажите кои се соочуваат со опаѓање на косата користат некаков третман. Најчестите причини за тоа се – срамот од медицински пристап, несоодветна употреба и текстура на производите против опаѓање и најважното – немање инстант резултати!
Нега против опаѓање на косата со двојно дејство!
Оваа нега одлично се вклопува во нормалната рутина за коса на било кој маж, елиминирајќи ги медицинските потреби и комплицираните нанесувања. Целата линија се состои од пет комплементарни производи кои лесно се интегрираат во секојдневната рутина за нега на секој маж – без разлика на возраста или типот на косата.
Што нуди линијата Genesis?
Genesis Homme има решение кое инстантно нуди резултати уште од првото нанесување, правејќи косата веднаш да се чувствува пополна и со младешко чувство. Линијата директно одговара на проблемите со кои се соочуваат мажите од сите возрасти и со различни типови коса, мажи кои се соочуваат со истенчување и опаѓање на косата.
View this post on Instagram
Дали сте спремни да кажете збогум на истенчената коса?
Линијата е со двојно дејство против опаѓање кое дејствува на опаѓањето на косата од коренот и опаѓање поради истенчување на влакното. Genesis Homme линијата нуди прилагодлив третман, базиран на различните стадиуми на опаѓање на косата, правејќи возможно мажите да живеат во целост и никогаш повеќе да не се плашат од опаѓањето на косата!
Кога науката се сретнува со технологијата, добиваш здрава коса, но и одлична фризура. Еве како!
#1 Косата се шампонира и чисти со Bain de Force Quotidien – секојдневен шампон за чистење и зацврстување или со Bain de Masse Épaississant – шампон за поттикнување на густината на косата.
#2 Се третира со Sérum Anti-Chute Fortifiant – секојдневен зацврстувачки серум против опаѓање.
#3 Косата се стилизира и се дава текстура со Spray de Force Épaississant и на крај изгледот се финишира со Cire D’Épaisseur Texturisante.
View this post on Instagram
Што чекате?
Каде може да се набави?
Побарајте ја линијата Kerastase Homme во фризерските салони или онлајн.