- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Осветлувањето на косата е смел чекор, но исто така и голем предизвик. Со оглед на штетноста на состојките кои се заслужни за посакуваните руси прамени и боја за коса, на жените им треба интензивна обновлива нега за цел ден, но и за ноќ, за косата да изгледа здраво и нахрането, а бојата на косата да дојде до израз. Новиот топ производ од Blond Absolu линијата, Sérum Cicanuit е првиот ноќен серум за обновување од Kérastase базиран на хијалуронска киселина. Серумот за време на ноќта ги обновува 55% од површинските оштетувања предизвикани од осветлувањето на косата. Ја заштитува косата од триење, кршење и ги намалува испуканите врвови. Подобрена е издржливоста и изгледот на косата, а таа е посилна и посјајна.

Што значи cicanuit?

Зборот „cica“ се верува дека потекнува од латинскиот збор „cicatrix“, што значи лузна. Денес, во ритуалите за нега на кожата тој збор се поврзува со лековити својства и својства на смирување и зајакнување на заштитната бариера на кожата. Од друга страна, зборот „nuit“ на француски значи „ноќ“.

- Реклама -

Како правилно се користи Kérastase Sérum Cicanuit?

Sérum Cicanuit е ноќен обновувачки серум за руса коса кој содржи хијалуронска киселина и вреден екстракт од рунолист (edelweiss). Неговата текстура е бел крем во гел кој ја обновува косата преку ноќ. Интензивно ја обновува осветлената и чувствителна коса во текот на ноќта, интензивно ја хидрира косата, ги намалува испуканите врвови и кршењето на косата.

Се нанесува пред спиење по должината на косата и на врвовите. Две до четири испумпувања од серумот ќе бидат доволни, а одмивање со вода не е потребно, ниту навечер, ниту наутро. Спијте со лесна плетенка или пунџа за да ја заштитите косата од кршење. Исто така, би било добро да спиете на свилена перница за да го намалите триењето. За оние со сончево руса коса доволно е да го нанесат овој серум два до три пати неделно, а за оние со руси прамени четири до пет пати неделно, додека за сите оние со платинеста руса коса најдобро би било да го користат секоја ноќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerastase (@kerastase_official)

Sérum Cicanuit го красат прекрасни свежи и цветни ноти!

Ароматичниот луксузен мирис California Splash ќе ве однесе во градина со расцветани цвеќиња и светли цитрусни ноти, давајќи ви чувство на пролет во шишенце. Неговите горни ноти се микс од цвет од портокал, бергамот и мандарина. Средните ноти се збогатени со божур, смоква и ловор, додека нотите во основата се кедар, мошус и кардамон. Совршен е за сите оние кои повикуваат на потопли денови. Вашата коса не само што ќе биде негувана, туку ќе мириса божествено.

Kérastase Sérum Cicanuit може да го најдете во ексклузивните фризерски салони со Kérastase производи низ цела Македонија или онлајн на следниов линк.