- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Дали некогаш сте биле приморани да направите кратка фризура за да се ослободите од вашата сува, оштетена коса и да започнете од почеток? Сигурно не сте единствените! Бланширањето, хемиските третмани и термичкото обликување можат да доведат до испукани врвови на косата кои се толку многу кршливи што не сте сигурни дали ќе ги оживее некој третман со длабока хидратација. Фризерите често се согласуваат дека само скратување на косата е единствен начин да се ослободите од безживотната коса, но пред да закажете термин во фризерски салон, пробајте го Olaplex No.7 Bonding Oil. Бјути ентузијастите од целиот свет тврдат дека со ова масло нивната коса станала мека, сјајна и свиленкаста само за една недела од користењето.

Olaplex No.7 Bonding Oil bottle

Bonding Oil No.7 е како „течно злато“ за нега на коса!

Olaplex навистина знае што прави кога ги формулира своите производи за коса. Овој бренд за нега на коса беше лансиран во 2014 година и оттогаш собра бројни обожаватели, од познати личности како Kim Kardashian до фризерски стручњаци и стилисти. Неговиот најпознат производ несомнено е Olaplex No.3 Repairing Treatment, третман кој е светски познат, но се чини дека купувачите подеднакво се лојални на производот Bonding Oil No.7 за нега и регенерација на сува, уморна и безживотна коса.

Olaplex visual

Станува збор за масло кое ја содржи препознатливата состојка на брендот, bis-aminopropil diglikol dimaleat, што е името на молекулата која помага структурата на косата повторно да се поврзи кога е скршена и оштетена. Маслото неверојатно е хидратантно и не остава чувство на тежина и мрсна коса. Овој производ е вистински спас за сува и оштетена коса, на која и дава сјај, живост и мекост. Покрај тоа, неговата формула е веганска, crualty-free и чиста.

- Реклама -

Olaplex No.7 Bonding Oil package

Важно е да знаете дека Bonding Oil No.7 не се користи само за регенерација на косата, ова масло ја штити косата од топлина, поточно од уредите за обликување на косата. Само нанесете неколку капки на влажна или сува коса пред да користите пегла, виткач или фен за коса. Сите љубители на ова Olaplex масло забележаа дека само мала количина од производот е сосема доволна за да се постигне беспрекорен резултат, па затоа ви требаат само неколку капки за целосно да ги искористите погодностите од неговата формула. Покрај тоа, шишенцето е дизајнирано да ја дозира вистинската количина на масло за една употреба, така што никогаш нема да претерате. Резултатот ќе биде коса која блеска и изгледа поздраво од кога било, без никакво разлетување на косата. Затоа, многумина овој производ на Olaplex го нарекуваат „течно злато“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLAPLEX (@olaplex)