- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот MAC Cosmetics после големиот успех со течната пудра Studio Waterweight SPF Fondation, претстави нов производ во форма на коректор со истата популарна формула како течната пудра:

MAC Studio Waterweight Concealer drops!

Вашата шминка во еден момент може да се распадне ако вашиот коректор не се соедини со подлогата. Од покривност која исчезнува во текот на денот до производ што формира набори, многу нешта можат да тргнат наопаку. За среќа, MAC Cosmetics доаѓа со спас.

Навлажнувачки квалитет на коректорот!

Новиот Waterweight Concealer е со лесна, гел-серумска текстура и со ветување за висока покривност и сатенски финиш. MAC посебно ги истакнува навлажнувачките квалитети на коректорот што го прави одличен за сите видови на кожа, посебно за нормална до сува. Лесната флуидна формула, нежно и ефикасно ги корегира несовршеностите, го минимизира формирањето на набори во текот на денот и дава хидратација на вашата кожата. Обезбедува до 8 часа удобно носење и прецизна нијанса што останува и не оксидира. Формулата на Waterweight коректорот е речиси иста како пудрата, но сепак високо концентрирана, збогатена со многу пигменти.

Лесната формула, полу-мат покривка!

Waterweight Concealer на MAC може да се користи: сам по себе како коректор или како основа. По нанесувањето воопшто не се чувствува на вашето лице, поради лесната формула! Полу-мат покривката прави чуда: ги покрива темните кругови околу очите, темните дамки и депигментацијата на кожата. Исто така го измазнува изгледот на лицето со пополнување на порите и борите.

Производот е достапен во 15 нијанси и доаѓа во проѕирно стаклено шише со апликатор капалка.

- Реклама -