- Реклама -

Карминот треба да блеска како скапоцен накит!

Со оваа изјава, Armand Petitjean основач на Lancôme, ја постави основата на карминот уште во 1937 година. Легендата за L’Absolu Rouge се градеше врз таа основа до 1990 година. Вистинска икона, карминот Lancôme се менуваше во текот на годините, прилагодувајќи се на потребите на жените и постојано нудејќи им слобода да ја изразат позитивната убавина. Денес, повеќе од две децении од неговото создавање, L’Absolu Rouge повторно се открива, станувајќи уште повеќе скапоцен и женствен повеќе од било кога. Неговата палета на нијанси никогаш не била толку впечатлива и привлечна. Секоја нијанса е сместена во ултра атрактивно пакување, трибут на скапоцените кутивчиња креирани од страна на Armand Petitjean. Со скапоценото пакување што сјае уште повеќе, Lancôme го зачувува својот дух на совршенство и убавина.

Уметност на усните!

Скапоцено пакување во лакиран црн метал

L’Absolu Rouge се открива себеси со скапоцено пакување во лакиран црн метал. Оваа скапоценост, концентрација од луксуз и елеганција е крунисана со роза втисната како златен печат. Со притискање на розата, која е стилизирана повеќе од било кога, се отвора карминот и се открива интензивна боја обликувана во форма на куршум, на која исто така има печат со роза. Бидејќи бојата има бесконечна моќ на провокација, L’Absolu Rouge и неговите нијанси имаат имиња составени од чувства, расположенија и моменти од животот, прикажани на нивните пакувања.

Бои: неодоливи и весели од задоволства!

Lancôme и даде слобода на мејкап артистката Lisa Eldridge да создаде нови 39 нијанси. Сите од нив имаат уникатна вибрација и впечаток, како и временска префинетост и елеганција.

“Сакав да создадам колекција од екстремно чисти нијанси кои неодоливо го привлекуваат и окото и имагинацијата. Сакав да создадам нешто многу допадливо и возбудливо. Исто така се погрижив секоја палета на бои да биде добро застапена, од перфектни нуд нијанси, интензивни црвени, темни малини, енергични портокалови и едноставни, но сепак живи розови нијанси” -објаснува Lisa Eldridge.

- Реклама -
Карминот покажува голема софистицираност

Се чувствувам среќна кога ќе го нанесам!

Вистинското богатство на L’Absolu Rouge лежи во различноста на текстурите на карминот. Создадени се три варијации во неверојатно широко распространета палета, каде текстурите се: обична (чиста), кремава и мат.

Откако ќе ја изберете својата боја, секоја жена може да го одбере нејзиниот омилен финиш. Го избрав прекрасниот темно црвен кармин која дава интензивен тон со убав мат финиш, нуди секојдневен изглед лесен за носење покажувајќи голема софистицираност.

- Реклама -