Jennifer Lopez важи за една од најубавите жени во светот која воодушевува со својот изглед и енергија, а многумина се прашуваат која е нејзината тајна. Од оваа причина, веста дека ќе лансира своја козметичка линија, предизвика голема возбуда кај многубројните обожаватели.

JLo Beauty

На Инстаграм профилот наречен JLo Beauty кој веќе има над 160 илјади следбеници стои мотото на брендот „Убавината нема рок на траење!“.

На видеото кое содржи сцени од снимањето на кампањата, таа напиша: „Едвај чекам да ги споделам моите тајни за убавина со вас!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JLO BEAUTY (@jlobeauty)

- Реклама -

Производи за постигнување на сјај на кожата – заштитен знак на Jennifer!

Иако сè уште не се познати производите, фановите велат дека се работи за производи за нега на кожата. Но, сигурно е дека акцентот ќе биде ставен на постигнување сјај на кожата што е и заштитен знак на Jennifer.

Заштитна боја на колекцијата е блескаво златна нијанса, а лансирањето на JLo Beauty ќе биде на првиот ден од 2021 година. Фановите ќе можат да се регистрираат за онлајн купување преку официјалната веб-страница од 8ми Декември. Патем, ова не е нејзино прво патување во водите на убавината, бидејќи Jennifer има неколку парфеми зад себе.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име