- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Живот без компромиси! За секого има поинакво значење, но во основа тоа е да се остане верен на самиот себе, живеејќи го животот на свој начин. Кога живеете „All In“ ги отворате вратите за доживување и уживање во секој миг на живеењето во целост. Зошто да се задоволите со помалку отколку што навистина заслужувате?

Мирис што има сè!

All or Nothing е oриентален парфем кој предизвикува зависност, создадена со извонредната ванила. Спакуван во единствено луксузно пакување, ова е првиот чекор во вашето ексклузивно парфемско искуство.

Без компромис за квалитетот!

Ванилата е состојка од семејството на ориентални мириси. За да се постигне незаборавна и ексклузивна миризба, композиција е креирана со ванила сурабсолут од Мадагаскар која е позната како најубавата и најквалитетната ванила на светот. Таа е со исклучително топла и страсно слатка нота која предизвикува примамливо чувство.

- Реклама -

Твојот мирис оживува!

All or Nothing е првиот мирис од Oriflame создаден со технологија на иновативен активиран воздух за засилување на мирисот со врвен долготраен состав и зголемен интензитет. Кога мирисот го исполнува воздухот, уникатните молекули и јонони се ослободуваат помагајќи да се продолжат горните и средните ноти. Резултатот е континуиран мирис.

Создаден од единствен парфимер!

За да креираш извонредно врвен мирис, потребен е единствен парфимер. Затоа, ангажирана беше исклучително талентираната Nathalie Lorson која е парфемски нос на многу светски премиум мириси од водечките модни куќи, а за Oriflame таа ги создаде многу саканите мириси како Sublime Nature и Giordani.

Така Nathalie совршено се вклопи да го создаде All or Nothing, уникатен и ексклузивен мирис што ја подобрува вашата индивидуалност.

Модерно и стилско шишенце ја изразува уникатноста и луксузот во секој детаљ!

Контрастот помеѓу црно и златно ја доловува елеганцијата и мистеријата на женската природата. Наборите што потсетуваат на црна ткаенина на стаклена површина ја истакнуваат модната врска. Масивното капаче е создадено за да ја фати и рефлектира светлината на секој можен начин, претставувајќи различни аспекти на женската личност. All or Nothing е првиот мирис од Oriflame сместен во премиум амбалажа.

Секоја жена е убава колку и нејзиниот мирис!

Женскиот парфем All or Nothing можете да го набавите на веб страната на брендот Oriflame.