- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Општо е познато дека на годишен одмор шминката треба да се прилагоди на: сонцето, солената вода, брановите и песокот, но ако летотo го поминувате во град или на планина, во принцип не мора да се грижите за тоа како ќе постигнете беспрекорен изглед на вашата шминка.

шминка во лето

Најважно е да изберете мејкап производи кои имаат лесна формула, оние кои ја хидрираат кожата и штитат од UVA и UVB зраци. Се разбира, не треба да претерате ниту со количината, бидејќи целта е да изгледате свежо и природно, а не да бидете имитација на сликарско платно кое се “бори” со текстурите и каде невешто се размачкуваат боите.

Топлите денови бараат модификација во рутинската шминка. Направете паметна селекција на производите кои ги користите, нека вашиот несесер доживее олеснување.

летна шминка

- Реклама -

Пудра за нежен тен!

За ден:

На високи температури употребата на тешки пудри, секако не е добра идеја. За дневна шминка одберете BB тониран крем кој нема да изгледа тешко на вашето лице. Во комбинација со коректор прикриете ги сите неправилности и ќе постигнете кожата да изгледа природно, светло и свежо.

За вечер:

Од друга страна, вечерната шминка дозволува нанесување на лесни течни пудри кои во целост ќе го изедначат тенот и ќе создадат совршена основа за продолжување на шминката.

шминкање во лето

Акцент на очите!

За ден:

За целосно да се вклопите во трендовите и во согласност со летото, фокусот на шминката насочете ја кон очите. Елегантни и суптилни бои на сенки како: корални, боја на праска или беж, ќе ви ги дефинираат очните капаци и ќе ви дадат нежен изглед, кој совршено може да се искомбинира со едноставна облека. Маскарата е неопходна дури и во текот на денот, бидејќи меки и волуменски трепки пожелни се секогаш и секаде. Целиот мејкап изглед заокружете го со нежно обликувани, адекватно задебелени и само за нијанса потемни веѓи. Не претерувајте, бидејќи пренагласеноста може да го расипе општиот впечаток и да ве направи груба и нападлива.

шминка во лето

За вечер:

Со автентична летна палета на сенки, нека вашата имагинација се ослободи! Златни, бакарни, лимон жолти, розови и сите други заводливи нијанси со јаки, жешки бои со интензивна пигменатација, со полна сила ќе ја истакнат убавината на очите, но ќе бидат вистинско освежување на лицето, причина поради која секоја вечер ќе сакате да се забавувате. Поради комбинацијата на топлина и влага, најдобро ќе биде да користите водоотпорни маскари, особено ако планирате целовечерно дружење и забава. Црни “водопади” кои се сливаат низ лицето, сигурно не е тоа што сакате да го видите во огледало.

летен мејкап

Сочни и беспрекорни усни!

За ден:

Балсам за усни со SPF заштитен фактор во вашата омилена нијанса ќе биде повеќе од доволно! Беспрекорно сјајни, сочни, освежувачки и влажни – што би можеле да посакате повеќе од вашите усни…

мејкап за лето

За вечер:

Иако за дневно излегување треба да се откажете од упадливи кармини, за вечерните часови можете да изберете боја по желба. Но, не заборавајте на основното правило: ако акцентот на вашиот мејкап изглед сте го ставиле на очите, кармин мора да биде неутрален.

шминка во лето