Дали сте подготвени за лето исполнето со авантури, нови доживувања, мирис кој заведува и не остава никого рамнодушен?
Burberry Her Blossom – создаден да го да го опфати духот на метрополата Лондон!
Burberry Her Blossom парфем создаден да го да го опфати младиот дух на креативната и еклектична метропола Лондон, духот што е жив, авантуристички и храбар. Цветно-овошната композиција со гурмански подтонови е потпишана од страна на парфимерот Francis Kurkdjian. Десертнотo шумско овошје како нота при отворање е комбинирано со средните ноти на јасмин и љубичица и база од дрвенести ноти и амбер.
Cara Delavigne – заштитно лице на парфемот!
Заштитно лице на парфемот е Cara Delavigne, која го претставува нејзиниот роден град. Таа е едноставна девојка со стил и позитивна енергија која е вечен оптимист, со авантуристички дух и храброст карактеристична за луѓето кои живеат во Лондон.
Таа вели:
„Тоа што најмногу го сакам во Лондон е ставот кој го има градот, луѓето кои што живеат овде не се плашат да го кажат своето мислење. Ова е местото каде што луѓето ги менуваат работите.“
Лондон – посвета на градот!
Burberry Her Blossom е парфем кој претставува љубовно писмо, посвета на градот кој го обожаваат сите – Лондон.