Flowerbomb ѕвездата е родена!

Желбата за создавање ѕвезди конечно е исполнета. Пред повеќе од десет години Viktor Horsting & Rolf Snoeren си замислија желба да се создаде мирис кој ќе го направи светот подобар. Всушност желбата им се оствари со парфемот Flowerbomb.

“Ние отсекогаш сме сонувале за создавање на парфем и отсекогаш сме верувале во моќта на мирисот. Замисливме желба и никогаш не се откажавме од сонот. Нашиот сон стана реалност, нашиот Flowerbomb се роди” – Viktor&Rolf

Желба за заедничко креирање на убавина, концепт на гламур, провокативна мода, неочекувана елеганција. Тоа се токму креативните столбови кои го дефинираат авангардниот  дизајн на Viktor&Rolf.

Flowerbomb вистински одраз на нивната визија за убавина!

Со желба да работат заедно за да се создаде единствена убавина, Viktor&Rolf избра креативен пат имајќи ги во предвид основните вредности – како што беше случај со дизајнирање на парфемот Flowerbomb, вистински одраз на нивната визија за убавина.

- Реклама -

Желба за цветна експлозија!

Се започнува со името и со предизвикот на исклучително женствен и цветен парфем бидат додадени провокативни и експлозивни ноти.

Неочекуван спој на експлозија на цвеќе и скромна слаткост го отвори патот на овој Flowerbomb, раскошен гурмански парфем. Десетина орхидеи cattleya, стотици фасцинантни sambac јасмин цвеќиња, илјадници сочни цветови фрезија и милиони ливчиња од роза се споени во  букет кој едноставно предизвикува зависност, со провокативен акорд на пачули и слатка ванила.

Желба за креирање луксузно љубовно оружје!

За дуото Viktor&Rolf, шишенцето претставува луксузно оружје за заведување и љубов. Сјајното стакло на дијамантната бомба го претвора негативниот симбол во позитивен, во убавина и луксуз. На пакувањето, опкружено со лента е името на парфемот и со црн восок отисок потписот на Viktor&Rolf.

Желба да се создаде нов класик!

Viktor&Rolf дуото уште од почеток имаат фасцинација со рекламата за парфеми. Исклучителна реклама може да биде показател на времето во кое таа е направена. Неочекувано мистична и провокативна рекламата за Flowerbomb е иста веќе една деценија, но постана легенда.