- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Olaplex е единствена активна состојка за нега на коса создадена од докторите на наука, д-р Eric Pressly и д-р Craig Hawker. Нивниот изум во козметичката индустрија ги воодушеви милиони жени. Olaplex не содржи сулфати, фталати, ДЕА, алдехиди, формалдехид, глутен, парабени и безбеден е за целата коса! Никогаш не е тестиран на животни!

Убавата коса подразбира соодветна нега, постојана заштита и здрав изглед!

Патентираната Olaplex активна состојка делува на молекуларно ниво за да ги поправи оштетените и скршени врски во косата. Овие врски се кинат како резултат на термички, механички и хемиски третмани. Ако често ја боите косата и правите промена на бојата на косата или ако често ја третирате косата со бланш, ова е неопходен третман за вашата коса!

- Реклама -

Системот Olaplex се состои од неколку фази, меѓу кои:

No. 1 Bond Multiplier,

No. 2 Bond Perfector,

No. 3 Hair Perfector.

Првите две фази се достапни само за фризери и се користат исклучиво во фризерски салони како самостоен третман или при осветлување и боење на коса.

Olaplex ќе биде заштитен знак на вашата коса!

Olaplex No. 3 Hair Perfector е дел од пакетот Olaplex што се користи во домашни услови и содржи иста активна состојка како No. 1 и No. 2. Со Olaplex No. 3 можете да го одржувате здравјето и јачината на вашата косата помеѓу третманите во салон, бидејќи No. 3 продолжува да ги зајакнува и обновува мостовите во косата. Olaplex No. 3 е третман за коса кој го намалува оштетувањето на косата предизвикано во процесот на бланширање и боење, ја регенерира и зајакнува косата и ја прави неверојатно мека и мазна.

Како се нанесува Olaplex No. 3

Богата количина на препаратот се нанесува на влажна, не шампонирана, со пешкир просушена коса. Препаратот се расчешлува низ целата коса за убаво да се распредели и се остава да делува барем 10 минути. Косата потоа се исплакнува, се мие со шампон и се нанесува регенератор. Колку подолго е времето на дејство, толку е поголем ефектот. Се препорачува ако косата е повеќе оштетена, постапката да се повторува еднаш неделно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OLAPLEX (@olaplex) on