- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Dior Homme – пудрест мирис на ирис и дрвенести ноти, беше претставен во оригиналната верзија во 2005 година, а потоа и во нова верзија во 2011 година. Сега, најавено е изданието Dior Homme Eau de Toilette кое ќе биде промовирано преку слоганот „I’m Your Man“. Изданието на Dior Homme од 2011 година ќе остане на полиците во парфимериите како Dior Homme Original.

Интензивно дрвенест, топол и сензуален!

Новиот Dior Homme е создаден од парфимерот на Dior, Francois Demachy за да ја редефинира машката сензуалност. Мирисот е интензивно дрвенест, топол и сензуален. Мажествените акорди кедар и топлината на кашмирот се помилувани со зачински ароми.

- Реклама -

Враќање кон основата, класиката и едноставноста!

Според парфимерот Francois Demachy, ова е мирис предозиран со дрвенести ноти и претставува враќање кон основата, класиката и едноставноста. Светол, чист, нежен и дрвенест, но исто така малку сладок, се носи како втора кожа.

Шише со истакнато лого и име на парфемот!

Новото шише го следи архитектонскиот дизајн на неговиот претходник, со истакнато лого и име на парфемот на капачето. Лице на рекламната кампања останува актерот Robert Pattinson.

Dior Homme е достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette со придружна линија на производи за нега, сега достапни во ново пакување.