Брендот GLAMGLOW основан е исклучиво за професионална употреба во Холивуд, во индустријата за забава, музика и мода.
Во изминатите години GLAMGLOW прерасна во неверојатно успешна приказна, откако освои многу награди за убавина и стана светски признат со иновативни третмани со кал, кои делуваат инстантно, со видливи резултати веднаш.
Gravitymud маска надградена и дополнета со сјаен ефект!
GLAMGLOW уште еднаш се надмина во однос на третманите за лице, односно маските кои имаат одличен ефект на кожата на лицето.
Овојпат GLAMGLOW во соработка со HASBRO ги носи забавните играчки од детството – MY LITTLE PONY. Станува збор за лимитирана едиција на маски за лице со блескави нијанси.
Зачувани се сите придобивки од оригиналната Gravitymud, сега надградени и дополнети со сјаен ефект.
Третман со кој се зацврстува кожата!
Маските содржат соодветни комбинации на состојки како што се бел слез, исландски алги, глацијална глина и црвени алги. Ова е третман со кој се зацврстува кожата, ги дефинира нејзините контури по само една употреба.
Забавно, блескаво и секој сака да се фотографира!
GLAMGLOW маската е peel-off, формула со светки, дел од нив се во форма на ѕвезди. Изгледа забавно, блескаво и секој сака да се фотографира. Инспирацијата е од малите коњчиња кои со текот на времето станаа дел од поп културата во светот.
Излупете ја маската почнувајќи од рабовите!
Промешајте ја маската пред употреба. Нанесете еден слој на чиста кожа со апликатор избегнувајќи го пределот околу очите, веѓите и косата. Времето за сушење варира зависно од дебелината на нанесената маска. Оставете ја маската се додека целосно не се исуши. Потоа нежно излупете ја маската почнувајќи од рабовите. Остатоците од маската избришете ги од лицето. Маската може да ја користите до двапати неделно.