- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сонот на секоја жена е да ја има за себе иконата во козметиката, Lancôme течната пудра Teint Idole Ultra Wear.

Дали постигнување на совршен тен е неостварлив сон?

Lancôme Teint Idole Ultra Wear течната пудра уште од 1997 година го докажува спротивното, подигнувајќи се повисоко. Нејзината култна формула најпрво овозможувала 14 часовна, а потоа и 18 часовна постојаност, додека сега овозможува 24 часа оптимална покривност со беспрекорен тен без дополнително корегирање.

Повеќе од 20 години пудрата е непобедлива на пазарот!

Повеќе од 20 години козметичкиот бренд Lancôme преку Teint Idole Ultra Wear пудрата е непобедлив на пазарот. Еден од најпродаваните производи на пазарот токму e Teint Idole Ultra Wear течната пудра. Благодарение на сукцесивните откритија од истражувачките лаборатории на Lancôme границите за успешност се надминати. Создадена е течна пудра со единствена цел, а тоа е постигнување на совршеност!

Lancôme Teint Idole Ultra Wear Foundation

Долготрајна перфекција е тајното оружје!

Најголем впечаток при средбата со течната пудра е кристалното шишенце кое ги открива различните нијанси. Нејзиното црно лакирано капаче го украсува златна роза, култната Lancôme роза.

- Реклама -

Lancôme Teint Idole Ultra Wear

Не остава траги на облека, дури и на бела кошула!

Lancôme течната пудра е вистински избор, затоа што со својата оптимална формула и прецизност на боите, овозможува совршен изглед. Со користење на течната пудра се постигнува висока ефикасност при што се избегнува неприродниот сјај на лицето. Но, најголем бенефит е постојаноста и совршениот и беспрекорен тен.

Пудрата има одлична покривна моќ, но истовремено лесна текстура што овозможува кожата да се  чувствува мека, постигнувајќи чувство на задоволство во текот на целиот ден. Со користење на пудрата поедноставно од било се постигнува мазен тен без чувство на тежина, како и изглед на лицето кое може да се прилагоди за секоја пригода, од потполно природен до најсофистициран. Пудрата е наменета за сите типови на кожа и не остава траги на облека, дури и на бела кошула.

foundation before and after

Секогаш спремна за селфи!

Пудрата кај нас е достапна во повеќе нијанси кои ги исполнуваат потребите на секоја жена и нуди уште поедноставна примена на најсовремени техники. Сведоци сме како во последниве неколку години светот на декоративната козметиката доживеаја права револуција. Постојат нови правила на новата генерација, тие секогаш се спремни за селфи па затоа во потполност се промени начинот на шминкање, посебно кога станува збор за подлога. Додека претходно во мода беше класичниот тен, денес се нагласува изразувањето на сопствените ставови и особини, кои вклучуваат низа производи за добивање совршена подлога, кој овозможува впечатлив и препознатлив изглед, а тоа верувајте најлесно ќе го постигнете со Teint Idole Ultra Wear.

Формулата која никогаш не изневерува!

Teint Idole Ultra Wear како најдобар пријател и сојузник на жените ќе им овозможи да го изразат секој аспект на својата особина, благодарение на формулата која никогаш нема да ги изневери.

Каде може да ја пробам пудрата?

Долготрајна перфекција на вашето лице ќе добиете ако ја посетите вашата најблиска парфимерија или онлајн продавницата. Пробајте ја пудрата за уживање во секој момент без компромиси.

Lancôme Teint Idole Ultra Wear Foundation a bottle