Mugler ве повикува на патување од соништата со новото ограничено издание, женскиот мирис Angel Iced Star Eau de Toilette. Интензивно свежата тоалетна вода е инспирирана од неистражените пространства каде владее леден студ, каде снегот сјае под сончевите зраци во светлосна претстава која го одзема здивот.
Екстремна свежина и егзотика!
Мешајќи мраз и оган, новиот Angel компонира екстремна свежина и егзотика со гурмански и килибарни ноти. Новата тоалетна вода е мешавина од свеж и кристален кокос и сочен и егзотичен ананас на основа на пралина поврзана со пачули, што всушност претставува миризливиот потпис на Angel парфемот.
„Ѕвезда“ шишето обоено во сини, зелени и розови нијанси!
Парфемот доаѓа во познатото „Ѕвезда“ шише кое е ревидирано за ограниченото издание, обоено во нежни сини и зелени нијанси со огнена розова боја.
Женскиот мирис Mugler Angel Iced Star е достапен во шише од 50 мл, како Eau de Toilette.