- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Брендот Rochas го претстави парфемот Byzance – модерно толкување на парфемскиот класик на брендот, лансиран во 1987 година како chypre и зачински мирис инспириран од магијата на ноќта и спојот на источните и западни култури. Парфемот Byzance е инспириран од магичните ноќи на Париз.

Волшебен, опоен, одважен, сензуален и елегантен!

Rochas Byzance претставува волшебен и опоен парфем, одважен, сензуален и елегантен. Парфемското ремек-дело „ја отвора вратата на модерната бајка… свет каде што се среќаваат мистеријата и заведувањето“.

- Реклама -

Ориентално-цветна композиција!

Byzance својата ориентално-цветна композиција ја започнува со светкави акорди од круша и цитрус. Опојниот цветен букет во срцето на композицијата вклучува ноти од роза, фрезија и хелиотроп, поставени на топла база од ванила и мошус.

Шишенце во сина боја со златни детали!

Прекрасното шишенце на Rochas Byzance во сина боја со златни детали, потсетува на оригиналниот дизајн.

Мирисот Rochas Byzance е достапен во 40, 60 и 90 мл, како Eau de Parfum.