После мирисот Montblanc Explorer промовиран во 2019 година, наменет за мажи со слободен дух, авантуристи и истражувачи, оваа година во парфимериите пристигна ново издание на Explorer мирисната линија, машкиот мирис Explorer Ultra Blue, инспириран од сината боја што ја наоѓаме во природата, од небесното пространство до длабочините на морето.
Доминираат морските акорди кои ја нагласуваат сината тема на мирисот!
Во отворање на мирисната композиција Explorer Ultra Blue користени се бергамот и лимон со најдобар квалитет, нијансирани со овошни ноти и розов бибер, што го поттикнува блескавиот ефект. Во срцето на композицијата доминираат морските акорди кои ја нагласуваат сината тема на мирисот, во комбинација со сив килибар, додека во основата доминираат нотите на пачули, заедно со дрвенести акорди и ноти на кожа.
Montblanc Explorer Ultra Blue мирисот заедно го создадоа парфимерите Jordi Fernández, Olivier Pescheux и Antoine Maisondieu.
Шише со иста форма како првото Explorer издание!
Машкиот мирис Montblanc Explorer Ultra Blue е достапен во шишенца со иста форма како и првото издание на колекцијата Explorer, во количини од 30, 60 и 100 мл, како Eau de Parfum.