- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Hugo Boss го претстави најновиот мирис од познатата Hugo линија: Hugo Man. Како што нагласуваат од брендот: „Hugo Man е за мажи кои сакаат да го живеат животот под свои услови. Тие веруваат дека правилата може да се доведат во прашање и дека личниот потенцијал треба максимално да се истражува“.

Ароматична, свежа, овошна и земјена композиција!

Комбинацијата на мирисни ноти создава ароматична, свежа, овошна и земјена композиција каде сировата природа добива нагласен, урбан став. Ароми на зелени јаболка ја отвораат композицијата, најавувајќи акорд на лаванда во јадрото на мирисот, додека основата дава зачадени и земјани ноти нагласени со балсам од елка, дрвенести ноти и бор.

- Реклама -

Музичарот Liam Payne глобален амбасадор на Hugo линијата!

Новиот Hugo го рекламира глобалниот амбасадор на Hugo линијата, музичарот Liam Payne, а преку него брендот Hugo Man ги промовира основните вредности, индивидуалноста и самоизразувањето.

Мат кутија создадена од 98% рециклирана хартија без обвивка од целофан!

Освежувачки и заживувачки, Hugo Man е мирис кој влева самодоверба и бара акција, a претставен e во мат кутија создадена од 98% рециклирана хартија без обвивка од целофан за поодржлив пристап.

Hugo мирисот е достапен во три големини на шишиња: 40, 125, 200 мл, како Eau de Toilette.