Добри манири и парфем го трансформираат обичниот човек во господин! Дека мирисот е еден од важните компоненти на секој џентлмен, кавалер односно вистински фраер никој не се сомнева, затоа не е изненадување што повеќето мажи посветуваат многу големо внимание при изборот на парфем.

Сигурно сакате да дознаете кои парфеми со текот на времето ги обожаваа некои од најпознатите светски фраери? Дознајте во продолжение!

Creed

Creed парфемите ги обожава славниот фудбалер David Beckham. Creed е niche парфемски бренд со седиште во Париз, основан од James Henry Creed уште во 1760 година.

Денес, Creed има продавници низ целиот свет – во Париз, Лондон, Мајами, Њујорк, Беверли Хилс, Сиднеј, Дубаи, Виена и Милано, а исто така Creed парфемите може да се најдат во бројни niche парфимерии низ целиот свет. Сите парфеми се создадени во склоп на брендот без соработка со надворешни парфимери.

- Реклама -

Омилен мирис на славниот фудбалер David Beckham е парфемот Creed Erolfa, но најпопуларен парфем на овој бренд секако е Green Irish Tweed кој го обожаваат многу холивудски фраери, а го носеа Robert Redford и Richard Gere.

Floris

Floris денес може да се нарече вистинска мирисна институција, бидејќи се смета за најстара британска парфимерија. Брендот е основан уште во 1730 година, а и денес нивната парфимерија се наоѓа на улицата Jermyn Street во Лондон, каде што започнала приказната пред 300 години.

Овој парфемски бренд отсекогаш се поврзува со познати личности, а се споменува дури во три филма од серијалот за James Bond. Иако никогаш не е наведено кој точно парфем на Floris го сакал славниот шпион, познато е дека креаторот на Bond, Ian Fleming бил верен на класичниот Floris No.89 мирис, кој зрачи со ноти од бергамот и сладок кедар.

Парфемите на брендот Floris покрај другите ги носеше и славниот David Bowie кој го обожаваше нивниот мирис Elite на база на грејпфрут, а на истиот мирис му беше верен и познатиот глумец Benedict Cumberbatch, најпознат по улогата на омилениот британски детектив Sherlock Holmes.

Guerlain

За Французите се вели дека се најдобри во три работи – храна, мода и парфеми, а на врвот на таа листа дефинитивно е брендот Guerlain. Овој производител на луксузни парфеми на пазарот е присутен скоро два века, но првиот машки мирис беше лансиран дури во 1959 година, а се работи за мирисот Guerlain Vetiver.

Денес, тој е вистински евергрин во светот на машките парфеми, а го карактеризира овошно трио – мандарина, лимон и нероли, сето тоа на база на ветивер и тутун. Токму тој мирис привлече многу фраери, вклучувајќи ги Harrison Ford и Michael Caine.

Acqua Di Parma

Парфем од брендот Acqua Di Parma често се нарекува статусен симбол на машката бања, заради луксузните мириси, но и елегантните шишиња кои се чини дека се создадени за феноменални Инстаграм фотографии.

Во 1950-тите парфемите на овој бренд ги носеа филмските легенди како Cary Grant и Gregory Peck – двајцата беа верни на класичниот Acqua Di Parma мирис, денес познат како еден од заштитните знаци на златното доба на Холивуд.

Мешавината од лаванда, јасмин и мошус потсетува на раскошните италијански градини, а меѓу денешните фраери кои го обожаваат е еден од најпосакуваните мажи, Bradley Cooper.

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име