- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Rochas го лансира новиот машки парфем L’Homme Rochas, најавен како мирис на француски заводник, романтичен и сензуален. Концептот и кампањата на новото мирисно издание се врти околу градот Париз, инспириран од историјата на овој бренд.

L’Homme Rochas

„Овој мирис ја црпи својата сила и енергија од историјата и корените на брендот, нагласувајќи ја визијата на мажот кој е храбар и почитуван“ – Bruno Jovanovic, креатор на парфемот.

Комбинација на свежи цитрусни ноти со топли ароматични тонови!

L’Homme Rochas припаѓа на миризливото семејство Fougère кое комбинира свежи цитрусни ноти со топли ароматични тонови. Нуди акорди на горчлив портокал, ананас, кардамон и ориентални зачини, ноти на босилек, гераниум и смрека, надополнети мов и тонка во основата на парфемот.

- Реклама -

Париз како инспирација!

Кампањата за L’Homme Rochas е поставена во Париз и ги прикажува француските модели Julien Remond и Noemie Schmidt. Schmidt исто така е заштитно лице на женскиот мирис Mademoiselle Rochas.

Темно сино шишенце со нагласени елегантни ленти!

Шишето на L’Homme Rochas е во темно сина боја, со нагласени елегантни ленти. Новиот L’Homme Rochas достапен е во 40, 60 и 100 мл, како  Eau de Toilette.