Познатиот мирис на карамела бонбони – Bonbon на модниот бренд Viktor & Rolf се открива со ново мирисно издание Bonbon Pastel, претставен како ограничено издание.
Новиот Eau de Toilette, наречен Bonbon Pastel најавен е како деликатна, свежа и блескава интерпретација на мирисот на карамела.
Карамела – потпис на сите мириси од колекцијата Bonbon!
Мирисната композиција развиена од парфимерите Cécile Matton и Serge Majoullier сеуште се истакнува со вкусниот гурмански, но сега помек акорд на карамела, потпис на сите мириси од колекцијата Bonbon.
Богатство на акорди од етерични масла!
Новиот Viktor&Rolf Bonbon Pastel Eau de Toilette се отвора со акорди на етерично масло од бергамот зачинето со кардамон, етерично масло од мандарина и морскиот акорд наречен Aqual, проследени со цвет од портокал и Neroliwood. Нотите во основата го носат слаткиот, гурмански акорд на карамела во бленд со сандалово дрво, амбер и мошус.
Bonbon Pastel е достапен во 50 мл, како Eau de Toilette.