Giorgio Armani Acqua di Gio Profondo
Мирисната колекција Acqua di Giò од Giorgio Armani (Armani Beauty) е проширена за уште едно машко издание со ароматична композиција потпишана од мастер-парфимерот Alberto Morillas. Најновата креација Acqua di Giò Profondo е современа и интензивна интерпретација на оригиналното издание Acqua di Giò, кое своите морски ноти ги комбинира со ароматични билки и минерален килибар.
Acqua di Giò Profondo открива подлабока димензија!
Acqua di Giò Profondo е интензивна морска интерпретација на Acqua di Giò. Тоа е повеќе од мирис бидејќи Aqua di Giò Profondo на волшебен начин длабоко заронува во длабочината на душата, прифаќајќи ги вредностите на слободата, сензуалноста и модерната машкост, откривајќи подлабока димензија.
Парфимерот Alberto Morillas креатор на мирисната композиција!
Парфимерот Alberto Morillas во Acqua di Giò Profondo на отворање на мирисот комбинира морски акорди интензивирани со молекулата Aquozone, создавајќи ефект на сина и морска длабочина. Блескавите и пенливи цитрусни ароми од бергамот и зелена мандарина го нијансираат морскиот почеток и водат кон ароматичното срце од рузмарин, лаванда и чемпрес, проследени со минерален килибар задолжен за давање на соленкаст шмек на композицијата покрај дрвенестиот потпис на пачули од Гватемала и сензуален мошус.
Шишенце со морско сина боја!
Новиот мирис го рекламира моделот Aleksandar Rusic. Шишето од новото издание на Acqua di Giò колекцијата е со облик од претходните изданија со ефект на ледено стакло, овој пат во морско сина боја, како одраз на бојата на длабочината на морето.
Acqua di Giò Profondo е достапен во 40, 75ml, 125 и 200 мл, како Eau de Parfum.