Иако пред неколку години не знаевме ништо за овие два производи, пудрата за фиксирање и спрејот за фиксирање зафаќаат почесно место во нашиот несесер. По правило, се одлучуваме за еден од овие два производи, некои девојки преферираат пудра, а некои спреј. Денес ви нудам одговор на прашањето, како да се одлучите помеѓу овие два производи?
Што е фиксирање на шминка?
Фиксирање на шминка всушност е нанесување на слој на пудра или спреј, кои шминката ќе ја направат постојана и ќе спречат нејзино размачкување. Фиксирањето на шминката е неопходно во топли денови, на високи температури или за свечени прилики кога е неопходно шминката да трае цел ден.
Пудра за фиксирање!
Пудрите за фиксирање се направени за да го апсорбираат вишок на себум од лицето, без да го исушат. Бидејќи нашите пори постојано лачат себум, нанесувањето на пудра ќе го спречи вашето лице да се „стопи“. Затоа, пудрата за фиксирање се нанесува по нанесувањето на кремастите производи, како што се течната пудра или коректорот. Пудрата за фиксирање на лицето му дава специфичен мат финиш и дополнително ги крие несовршеностите на лицето. Овој производ е идеален за вас ако имате проблем со прекумерно лачење на себум и сјаење на лицето.
Спреј за фиксирање!
Кога станува збор за спреј за фиксирање, важно е да се напомене дека малку е поразличен од пудрата за фиксирање. Пудрата е направена за фиксирање на кремасти производи што ги нанесуваме на лицето, додека спрејот е наменет за целата шминка. Овој производ се нанесува на целото лице после завршување на шминкањето. Значи, ако сакате вашата шминка да „издржи“ во текот на целиот ден, откако ќе нанесете спреј за фиксирање, не обидувајте се дополнително да ја поправите вашата шминка.
Кога се нанесува на целото лице, спрејот за фиксирање ќе му даде на вашето лице ефект на свежина. Плус, можете да го користите за да го потенцирате хајлајтерот или сенката за очи. Само попрскајте го на четката пред нанесувањето и ефектот ќе биде исклучително забележлив. За разлика од пудрата за фиксирање, вашето лице не може да го апсорбира спрејот, ниту спрејот може да даде ефект на мат пудра. Ова го прави спрејот за фиксирање подобар избор за девојките кои имаат сува кожа и на кои им е потребна постојана хидратација.
Кој производ да го користите?
Како што реков претходно, пудрата за фиксирање подобро ќе „лежи“ на мрсна кожа, додека спрејот подобро ќе се покаже на сува кожа. Некои професионални шминкери ги комбинираат пудрата и спрејот за да постигнат совршена рамнотежа. Она што јас ве советувам да го направите е да ја слушате вашата кожа и да изберете производ што најдобро ви одговара.
Кој е вашиот омилен производ за фиксирање? Споделете коментар!