- Реклама -

Mon Paris Intensément е нов мирис на Yves Saint Laurent, најавен како љубовна приказна која започна во 2016 година со првата креација од мирисната линија Mon Paris, прекрасен мирис кој претставува модерна мирисна интерпретација на љубовта, ослободена од сите препреки, посветена и интензивна. Првата креација беше потпишана од парфимерите Olivier Cresp, Harry Fremont и Dora Baghriche и беше компонирана како модерна цветна фузија каде нежните црвени овошја (малини и јагоди) заведуваат со софистицирана сладост, спротивставени со груб пачули и облечени со романтичен бел божур.

Mon Paris Intensément – интензивна верзија на оригиналот!

После неколку варијации и колекционерски шишиња, Yves Saint Laurent сега претставува интензивна верзија на оригиналот – Mon Paris Intensément каде топлината и цветното богатство на мајските рози (рози од Grasse) се деликатно загреани со топлина од ванила, како во сон, како да се во облаци.

Mon Paris Intensément е компониран како дрвенесто-цветен букет, обележан како интензивна и моќна изјава за љубов, возбудлива како иконата на Париз – Ајфеловата кула.

- Реклама -

Новата композиција го потенцира хипнотичкиот мирис на Datura во комбинација со елегантната и скапоцена роза од Grasse. Топлината на срцето е засилено со сензуалните дрвенести ароми на кашмир.

Шишенце како претходниците!

Mon Paris Intensément доаѓа во иста форма на шишенце како и претходниците, сега во боја на фуксија. На вратот на шишето има елегантна машна од сатен во боја на фуксија.

Мирисот е достапен во шишенца од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.

- Реклама -