- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мирисната линија Boss Bottled добива ново машко издание Boss Bottled Absolute кое во парфимериите доаѓа после Boss Bottled Infinite изданието, претставено во 2019 година. Новата креација нуди подлабока, поинтензивна и мажествена интерпретација на оригиналниот и безвременски мирис Boss Bottled. Кај новиот Boss Bottled Absolute мирис акцентот е ставен на мажот на денешницата, кој од мирисот бара уште повеќе, кој е во потрага по поинтензивна, почувствителна и софистицирана миризлива возбуда.

Мирис кој го претставува мажот во неговата најдобра верзија!

Густото овошно отворање со сливи и јаболка вкусно е зачинето со цимет и поставено на интензивна и многу пријатна дрвенеста мешавина од суво дрво, маслиново дрво, сандалово дрво и кедар со меко и нежно влијание на кашмирово дрво и мошус. Композицијата е потпишана од Annick Menardo, која со својата мирисна репутација му дозволува на современиот маж да го избере мирисот што одговара на неговите потреби, да ја истакне неговата харизма и на светот да ја претстави неговата најдобра верзија, без оглед на приликата и местото.

Препознатлив облик на шишенцето!

Boss Bottled Absolute е претставен во препознатливиот облик на шишето, исто како и претходните изданија на Boss Bottled.

- Реклама -

Новиот Boss Bottled Absolute е достапен во количини од 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.