- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со есента доаѓа период со помалку сончева светлина и пониски температури. Во однос на нега на кожата, ова е идеален период за воведување на „супер ѕвезда“ во режимот на нега, како што се овошните киселини и ретинолот, кои не се користат во текот на летните месеци заради фото-сензитивните дејства. Во продолжение, дознајте повеќе што се може да направите со кожата во есен!

Што се може да користите во есен?

#1 Овошни киселини!

АХА овошните киселини (гликолна, млечна, бадемова) се едни од најдобрите производи за нега на кожата кои одеднаш можат да решат повеќе проблеми со кожата: уморен тен, флеки, запушени пори, мртва кожа… Затоа, искрено ве советувам да започнете да користите тоник со овошни киселини или одете во професионален салон на серија третмани!

Ќе ја засакате вашата кожа по третманите со овошни киселини! Се разбира, преку ден кремот со СПФ е задолжителен, бидејќи киселините откриваат помлад слој на кожа кој е почувствителен на сонце.

#2 Вклучување на ретинол!

Ретинолот е уште една фото-сензитивна супстанција што ја „чувавме“ за есенскиот период. Ретинолот и неговите деривати потекнуваат од витаминот А и делуваат како катализатор на природниот процес на замена на старите со нови клетки на кожата. Ретинолот затоа успешно ги решава проблеми како што се: брчки, фини линии, лоша текстура на кожата, но и акни. Постепено вклучете ги препаратите со ретинол и не заборавајте повторно – СПФ крем!

- Реклама -

#3 Слоевита нега на кожата!

Ако сте зависник од нега на кожата, тогаш вашата полица со козметика сигурно е полна со разни серуми, креми, лосиони, масла и ампули за кои е потребна слоевита нега на кожата. Но, за време на летните горештини, кожата не трпи слоеви на производи, туку само производи со најлесна текстура. Поради оваа причина, летото не е идеално време за нанесување на сите ваши скапоцени серуми и креми. Затоа ја чекаме есента! Кожата обожава нега во слоеви – започнете со навлажнувачки тоник, а потоа нанесете серум, хранлив крем, а потоа и заштитно масло!

#4 Интензивна шминка!

Летото е период кога кожата не трпи никаква шминка, освен малку маскара, кармин или ББ крема ако имате среќа! Слоевите на пудра и прајмер се топат, лизгаат од лицето и изгледаат „cakey“. Затоа сите мејкап зависнички ќе се израдуваат на поладните температури кои ви овозможуваат да се нашминкате слоевито, со повеќе мејкап производи, а шминка ќе трае и ќе изгледа убаво!

#5 Хемиски пилинг во козметички салон!

Ако планирате да ги отстраните флеките или да се справите со лошата текстура на кожата, тогаш сте кандидат за хемиски пилинг во козметички салон. Есента е вистинско време да го направите тоа! Хемиските пилинзи користат силни раствори на АХА или ТЦА киселини, кои делуваат на средното или длабокото ниво на кожата. Бидејќи предизвикуваат лупење на кожата (буквално), тие се препорачуваат само во есен, кога ќе се намали УВ зрачењето. Се разбира СПФ заштитата во текот на денот е задолжителна!