- Реклама -

Најпродаваниот парфем во изминатата деценија, Chanel Coco Mademoiselle добива ново издание!

Според најавите од Chanel во март 2018 година нивниот најпопуларен модерен парфем и еден од најпродаваните парфеми во изминатата деценија, Chanel Coco Mademoiselle, креација на Jacques Polge од 2001 година, ќе добие ново издание – Coco Mademoiselle Intense.

Моќен, длабок и неодолив!

Coco Mademoiselle Eau de Parfum Intense е претставен како нов лик на Coco Mademoiselle, моќен, длабок и неодолив.

Екстремни дози на пачули за раскошна композиција!

Модерната chypre композиција и ориентално-дрвенестите акорди со цитрусни, цветни и дрвенести тонови истакнат со екстремни дози од пачули и амбер, го прават новото издание неодоливо. Мирисните ноти на пачули најавени се како екстремни, блескави и раскошни. Топлите и женствени акорди на амбер се постигнати со комбинација на тонка грав и ванила од Мадагаскар. Новата мирисна композиција е потпишана од Olivier Polge.

Coco Mademoiselle Eau de Parfum Intense е достапен во количини од 50 и 100 ml.

- Реклама -

- Реклама -