Откријте ги моќните бенефиции на серумот со двојно дејство Clarins Double Serum. Двојна формула која нуди многу повеќе кога станува збор за вашата кожа. Најмоќниот серум во борбата против стареењето!
Серум со извонредна ефикасност во борбата против стареењето!
Double Serum (Hydric+Lipidic) со двоен ефект од Clarins оди чекор понатаму кога станува збор за нега на кожата. Серумот е богат со растителни екстракти кои ја стимулираат виталноста на кожата и овозможуваат извонредна ефикасност во борба против стареењето.
Double Serum го декодира јазикот на младешката кожа!
Clarins навлегува во срцето на ќелиите и за прв пат го декодира јазикот на младешката кожа, а со самото тоа ги потикнува 5те витални функции на кожата.
Во срцето на двојната формула базирана во природата на самата кожа (Hydric + Lipidic), лежи нов растителен екстракт – високо концентрирана куркума.
Нова универзална текстура за сите типови на кожа!
Новата универзална текстура ги задоволува потребите на сите жени, сите возрасни групи и сите типови на кожа, дури и чувствителната кожа.
Две нивоа на дозирање на серумот!
Новата технологија вклучува органски растителни екстракти сместени во еколошки развиено шише со можност за дозирање. Clarins Double Serum нуди две нивоа на дозирање на серумот – поголеми или помали капки!