- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Жените кои пред спиење имаат рутина за ноќна нега, тврдат дека нивната кожа има одморен изглед наутро и обновен и пополнет изглед на кожата на лицето.

Козметичкиот бренд Biotherm носи иновативна промена во концептот “сон за убавина”, со ноќната маска за активна нега на лицето – Biotherm Aquasource Everplump. Формулата збогатена со микро алги, кои и обезбедуваат енергија на кожа во текот на целата ноќ. Иновативната гел текстура, која по нанесувањето се враќа во својата оригинална форма, создава “втор слој” од природна заштитна бариера и ги задржува активните состојки, обезбедувајќи хидратација во текот на ноќта, па дури и по будењето.

Ноќта е идеално време за регенерација на кожата!

Очекувањата кои секоја жена ги има од производот за нега на кожата се разликуваат како ден и ноќ. Во текот на денот потребите да се создаде добра основа за нанесување шминка, заштита од сончеви зраци и загадување, но ноќта е идеално време за регенерација на кожата.

Потребите за енергија и хидратација се поголеми во текот на ноќта

Додека спиете, вашата кожа е повеќе од будна!

Биолошките процеси во текот на ноќта стануваат поинтензивни. Се забрзува процесот на регенерација на кожата, која губи повеќе вода отколку во текот на денот. Затоа потребите за енергија и хидратација се поголеми во текот на ноќта.

Ноќна нега како извор на енергија!

За да се зголеми нивото на енергија и резервите на вода кога клеточната активност во кожата е најинтензивна, експертите од Biotherm комбинираат микро алги со извонредни енергетски својства и состојки кои задржуваат вода.

- Реклама -

Микро алги кои се активни ноќе, извор на енергија!

Микро алги ферментираат и ослободуваат “енергетски генератори”

Овој вид на микро алги ферментираат само во темно, ослободуваат “енергетски генератори” кои ги стимулираат клетките. Нивниот екстракт ја поттикнува регенерацијата на кожата.

Вода од длабочините на морето, ефикасно средство за хидратација!

Водата од длабочините на морето го зголемува нивото на влажност и го олеснува трансферот на молекулите од водата во кожата, зајакнувајќи ги природните бариери што ја спречуваат загубата на влажност.

“Мемориската” текстура која се враќа во првобитниот облик!

За да се обезбеди длабока регенерација на кожата и подолга влажност, експертите на Biotherm создадоа иновативна текстура која доаѓа во контакт со кожата, со нејзината првобитна форма, како што е душекот со мемориска пена.

Гел текстура со црна боја

Текстура која во 5 секунди се враќа во својот првобитен облик!

Без оглед на тоа како ќе нанесете на вашата кожа, текстурата ќе ја превземе оригиналната форма.

Сензорно искуство и природно темна боја!

Природна гел текстура со црна боја која е совршена за ноќен одмор. Добиена е од природни екстракти и не содржи силикон и вештачка боја. Ноќен третман на лицето откако светлата ќе се исклучат, потонете во сон со релаксирачкиот третман за лице.

Everplump маската за лице доаѓа со четка за нанесување која свети во мракот, како би можеле да ја нанесете маската на лице во темна просторија.

Формула чие делување трае и по будењето!

Жените кои пред спиење имаат нанесено од Everplump маската, имаат изјавено дека нивната кожа уште од првото утро изгледа обновено и пополнето. По користење од една недела, приметиле значајна разлика во цврстината, еластичноста и пополнетоста на кожата.

Biotherm Aquasource Everplump night производ за активна нега и ноќна обнова на кожата за одморен изглед наутро!