Lancôme, водечки експерт за маскари со својата креативност и технолошка иновативност не воодушевува. Во ерата кога времето станува луксуз, а ритамот на животот е се побрз, жените се во потрага по ексклузивен make-up аксесори кој оптимално ќе ја истакне нивната убавина.

Lancôme на жените им нуди маскара која ги исполнува нивните очекувања благодарение на поедноставената техника на нанесување која носи неверојатни резултати во еден потег. Со поедноставно нанесување на маскарата со ергономично обликуваниот производ, Lancôme го победува времето и создава уметност на нанесувањето на маскара до совршенство.

Маскара со прва авангардна четка!

Lancôme Grandiôse маскара со прва авангардна четка со лебедов врат (swan-neck), маскара на новата генерација која е комбинација на четка со high-tech влакна и револуционерно закривена четка. Кратката, закривена четка е со идеален облик кој едноставно се прилагодува на сите кривини на окото со еден потег на зглобот и овозможува пристап кон сите трепки, од едниот агол до другиот и од коренот до врвовите. Заоблена под агол од 25 степени, четката се прилагодува кон контурите на лицето, избегнувајќи ги јагодиците, носот и веѓите.

Иновативна и совршено прецизна четка!

Со кратката четка Grandiôse овозможува мазно нанесување со еден потег. Обликувани како полу-ливчиња, влакната на четката овозможуваат совршено нанесување на формулата. Влакната на четката се со две големини и се структурирани како отворен цвет, зафаќајќи ја секоја трепка од коренот до врвот, со совршено одвојување. Нанесувањето е прецизно и не остава дамки на капакот на окото.

Убавината на очите главен сојузник на секоја жена!

Со маскарата Grandiôse секоја жена може да има неодоливи очи, независно од годините или несовршеностите кои ја мачат во поглед на убавината. Маскарата  е најдобрата пријателка на секоја жена.

- Реклама -

Дали Вие мислите дека окото е главен атрибут на убавината?