- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Популарната мирисна колекција Acqua di Gioia доби ново издание – живописен, кристално чист и сочно цветен букет со водени ноти, креиран за модерна и динамична жена. Наречен е Ocean di Gioia и создаден е како почит спрема неодоливите сини нијанси на океанот.

Креиран за динамична, природна и шармантна жена!

Според брендот Giorgio Armani, водениот цветен мирис е креиран за динамична, природна и шармантна жена, која се стреми кон хармонија во сите аспекти.

Ocean di Gioia ја слави енергичната – радосната природа на океанот!

Giorgio Armani слави 10 години од лансирањето на Acqua di Gioia линијата со ова волшебно толкување на највиталниот елемент: океанот. Ocean di Gioia ја слави енергичната, радосната природа на океанот. Кристалниот цветен мирис е изграден околу водната свежина на јасминот и сочните и пенливи ноти од круша, поставени на мошусна основа. Ocean di Gioia ја претставува жената која размислува слободно и која е во склад со себе и природата.

- Реклама -

Новата мирисна креација е потпишана од парфимерите Marypierre Julien и Sonia Constant.

Течноста на мирисот и капачето во светло сина боја на океанот!

Ocean di Gioia доаѓа во препознатливи шишиња од колекцијата кои се редизајнирани со лансирањето на мирисот Light di Gioia. Шишето е создадено како почит на природата и природната женственост на визијата на Giorgio Armani. Закривените линии од шишенцата се инспирирани од природни форми. За течноста на мирисот и капачето избрана е светло сина боја на океанот.

Ocean di Gioia е достапен во шишиња од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.