Иако го краси препознатливиот мирисен потпис, Armani Sì Passione е посебна креација. Нов мирис, нова емоција! Независен, баш како и Sì жената, ја одразува досега скриената страна на нејзиниот независен карактер. Нова емоција, нова верзија на женственост, нова личност, нова страст.
Sì Passione ќе ја препознае храбрата и самоуверена жена!
Делото на парфимеристот Julie Massé, Sì Passione ја одразува нагласената двојност помеѓу јасноста и сензуалноста, која ќе ја препознае храбрата и самоуверена жена.
Истовремено ја рефлектира женската нежност и сила!
Во мирисот Giorgio Armani Sì Passione повторно го препознаваме карактеристичниот мирис на црна рибизла во комбинација со сочна круша. Се отвара со исклучително зачинета нота од розов бибер, како буди адреналин. Цветната срцевина на мирисот е во страсно темпо благодарение на современото толкување на деликатни ливчиња од роза, кадифено зајдисонце и ултра-женствен апсолут јасмин – нежен и сензуален, а од друга страна моќен и интензивен.
Комбинацијата на впечатлива ванила, цвет од роза, сончоглед и јасмин создаваат сензуален, овошно-цветен мирис кој истовремено ја рефлектира женската нежност и сила. Само срцето на мирисот Giorgio Armani Sì Passione е проткаено со кедарово дрво и модерна ванила, давајќи им зрелост и карактер, како одраз на храброста на емоциите и вистинската страст.