Ново мирисно дуо! Lacoste Timeless

„Времето стои! На работ помеѓу сонот и реалноста, времето е суспендирано во еден и единствен одлучувачки момент кој изгледа како да трае вечно“ – порачуваат од брендот Lacoste по повод промоцијата на новото мирисно дуо Lacoste Timeless, создадено во соработка со парфимерите Michel Girard и Olivier Cresp.

 

Lacoste Timeless L’Homme

Машкиот мирис Lacoste Timeless L’Homme потпишан од страна на парфимерот Michel Girard и со мирисна структура како ароматично-дрвенеста-зачинска композиција, ги нагласува  двата суштински аспекти на L’Homme: исклучително суптилната нота на чај и освежувачка рабарбара. Мирисната композиција се отвора со интензивна, свежа мешавина од бергамот, чај, кардамон и рабарбара, кои ја креираат увертирата на зачинската динамика на срцето на мирисот, каде се обединети пргавите ноти на ѓумбир и црн бибер, стилизирани со јасмин и бадем. Основата е креирана со ноти на ванила, akigalawood, кедар, килибар и мошус.

Новото машко издание Lacoste Timeless L’Homme е достапно во шишенца од 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Lacoste Timeless pour Femme

Женскиот мирис Lacoste Timeless pour Femme е потпишан од мастер парфимерот Olivier Cresp, кој при креирањето на парфемот имал идеја на оригиналното издание да му поклони нов цветен карактер со помош на два вида на есенции од рози, кои создаваат контраст со своите мириси, осветлени со соковите на мандарина. Срцето на креацијата развива мирисен букет од бели цветови, на база од сандалово дрво, olibanum и пачули.

Женското издание на Lacoste Timeless pour Femme е достапно во шишенца од 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *