- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога зборуваме за класици во светот на убавината, кој производ прво ви паѓа на ум? Верувам  за повеќето изборот е токму тој – црвен кармин! Тоа е оној мејкап производ кој има моќ да го трансформира дури и наједноставното модно издание и ќе биде најдобриот мејкап додаток во различни прилики, било да се тие формални или секојдневни и лежерни.

Совети како карминот да трае цел ден!

Сепак, она што многу жени го истакнуваат како проблем е неговата постојаност. Од една страна, се знае дека долготрајните кармини влегуваат во порите и создаваат несакан ефект, додека од друга страна, може да имаме чувство како карминот да исчезнува од усните веднаш штом ќе го нанесеме. Секоја жена барем еднаш се има соочено со овој проблем, затоа за да го избегнете, ви носам неколку совети со кои карминот ќе го направите да трае на усните навистина долго време!

Пилинг и балсам за усни!

За почеток, важно е да се направи квалитетен пилинг на усните за да се отстранат мртвите клетки од кожата, така што карминот нема да се „лепи“ на сувите делови на усните. Потоа, треба да се нанеси балсам за усни за да се подготват усните за кармин. Пред да го нанесете карминот, отстранет го вишокот на балсам од усните за да постигнете карминот да трае што е можно подолго.

- Реклама -

Молив за усни!

Ако сакате многу прецизен мејкап изглед, освен кармин треба да користите и молив за усни за да ги исцртате нивниот рабови. Добра идеја е лесно да го напудрите работ на усните за да може бојата да трае подолго, а кога ќе ги исцртате рабовите, време е да ги пополните усните со кармин. На крај, сето тоа може да го заокружите со гел молив кој ќе осигури бојата на усните да трае што е можно подолго.

Правила при избор на црвен кармин!

Меѓутоа, пред да нанесете кармин, треба да изберете една од многуте нијанси, а за тоа постојат неколку „правила“ кои е добро да ги следите!

На пример, на темен тен на лицето одлично се вклопуваат кармините со корални нијанси и бои кои малку се наклонуваат спрема портокаловата боја, додека за светол тен подобро е да изберете црвени кармини со ладни тонови.

Мат и сјаен финиш!

Ако носите мат кармини, не заборавајте да нанесете лесно масло или балсам за усни, за да не се појави чувството на сувост на усните, а доколку претпочитате сјаен финиш, нанесете сјај за усни над омилениот црвен кармин и wow ефектот ќе биде загарантиран!