Во понеделникот, 09.10.2023 година, во познатиот загрепски хотел Еспланада, Diplomacy&Commerce Croatia одржа настан по повод шестиот роденден. Во таа прилика беа доделени награди на компаниите и институциите за извонреден придонес во своите индустрии и полињата на дејствување. На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за најголемо пробивање во регионалната малопродажна индустрија.
Од 2020 година досега остварен е неверојатен раст на Belodore парфимериите во регионот!
На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија. Изразувајќи благодарност на медиумската куќа Diplomacy&Commerce на тоа што ја препозна и награди Belodore за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија, Милош Милутиновиќ, генералниот директор на DP Lux групација, чиј член е Belodore, истакна дека за три години, од 2020 година досега остварен е неверојатен раст на Belodore парфимериите во регионот. Овој раст е постигнат благодарение на тимот на колегите од DP Lux групацијата, како и регионалните партнери како Diplomacy&Commerce, истакна Милутиновиќ.
Што чувствувате во моментот кога ќе влезете во една од Belodore парфимериите!
Уметноста да се создаде нешто толку неостварливо, интензивно, нешто што може да ги совлада сите ваши сетила и да ве пренесе во сосема поинакво време или место, навистина е уникатен подарок што се чувствува во моментот кога ќе влезете во една од Belodore парфимериите.
Парфимериите Belodore се наоѓаат на 6 пазари (Хрватска, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Македонија) со преку 30 милиони жители.
Овој октомври, Belodore го слави својот трет роденден. Моментално функционираат 13 парфимерии во регионот, а до крајот на годината со новите отворања, Belodore ќе стане најголемиот ланец на niche парфимерии во Европа.
Водечки европски дистрибутер на брендови на парфеми и козметика за нега на кожа!
Belodore е член на DP Lux групацијата, водечки европски дистрибутер на брендови на парфеми и козметика за нега на кожа со присуство на 13 пазари. DP Lux мрежата брзо се развива благодарение на успешните соработки со престижни брендови, а со својот стручен тим и посветеност, станаа најголема дистрибутивна мрежа во овој дел на Европа. DP Lux групацијата е сопственик на три малопродажни ланци на парфимерии (Belodore, Plaza, L’Occitane), кои работат во 7 земји.