- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Lancôme претстави грациозна и женствена интерпретација на култниот Trésor преку ново мирисно издание, овој пат како Nude верзија. Новиот La Nuit Trésor Nude го повторува обликот на дијамант од La Nuit Tresor мирисната линија, фаворизирајќи ја новата креација со нежна боја на праска.

Новото издание заведува со егзотични нијанси и суптилно мек облак од ванила! 

Најновото поглавје од љубовната приказна на La Nuit Trésor доминира со цветните ноти на рози кои ја отелотворуваат љубовта низ сите изданија на La Nuit Trésor мирисната линија, од првата верзија со гурмански карактер од 2015 година, се до новото издание кое заведува со егзотични нијанси и суптилно мек облак од ванила.

- Реклама -

Топол и пријатен како бакнеж на кожата! 

Композицијата на La Nuit Trésor Nude ќе ве воодушеви со букет од рози, освежени со бергамот, кокос и заводлива ванила. Според брендот Lancôme, новиот La Nuit Trésor Nude ги прикажува контрастите на романтичната роза и сончевите акорди, топли и пријатни како бакнеж на кожата. 

Lancôme La Nuit Trésor Nude е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.