Модниот дизајнер Elie Saab за неговиот прв мирис Elie Saab Le Parfum од 2011 година соработуваше со парфимерот Francis Kurkdjian за да го долови светот на безвременска женственост и да внесе елеганција и необичност во секојдневниот живот. На почетокот на 2020 година, модниот бренд Elie Saab понуди ново толкување на оригиналното издание Le Parfum, наречено Elie Saab Le Parfum Essentiel.

Мирисни ноти кои ја пренесуваат суштината на високата мода на Elie Saab!

Со новото Elie Saab Le Parfum Essentiel издание, парфимерката Maïa Lernout одново ја интерпретира комбинацијата на цвет од портокал и пачули од оригиналното издание Elie Saab Le Parfum. Новиот нежен мирис на бели цветови е толкување на желбата на Elie Saab да го пренесе мирисот и суштината на својата модна куќа. Нотите на цитрусни овошја, нероли есенција, кремаста бела гарденија и кедар ја претставуваат суштината на високата мода на Elie Saab.

Нежна розова боја го краси шишенцето на парфемот!

Нежна розова боја го краси новото шишенце со класична форма како оригиналното издание. Елегантен калиграфски печат со испреплетени иницијали, поставен е на проѕирното стаклено шишенце, врамено со златното лого на Elie Saab. Инспирирана од модната колекција на Elie Saab, розовата амбалажа е украсена со елегантна геометриска цветна шема.

- Реклама -

Новиот Elie Saab Le Parfum Essentiel е достапен во 30, 50 и 90 мл, како Eau de Parfum.