- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Hugo Boss ја претстави новата, поинтензивна верзија на мирисот Boss Bottled United од 2018 година во атрактивно темно сиво, металик шише. Концептот на United е ист како и за првото издание, каде познати фудбалери се во рекламната кампања која го фаворизира концептот на тимска игра.

Инспириран од најрадосните моменти на славење во спортот!

Инспириран од најинтензивните и најрадосните моменти на славење во спортот, Boss Bottled United Eau de Parfum ја комбинира свежината на спортски мирис со топлина и елеганција на безвременскиот потпис на Boss Bottled мирисните креации.

Boss Bottled United visual

- Реклама -

Кампања со пет најдобри фудбалери!

Новата кампања на United на брендот Hugo Boss ја потенцираат пет меѓународни фудбалери. Меѓу нив се Raphaël Varane, Radamel Falcao, Harry Kane, Toni Kroos и Sergi Roberto. Оваа кампања, во режија на Romain Chassaing се потпира на моќта на фудбалот што ги инспирира и обединува играчите и навивачите во радоста и прославата на спортот.

Интензивни ноти на црвен портокал измешани со акорди на пеперминт!

Најновиот мирис United Eau de Parfum се отвора со интензивни цитрусни ноти на црвен портокал, измешани со ледени акорди на пеперминт. Основата е во контраст со интензивниот почеток, со топлината и удобноста на килибарот што ја прави основата на изданието.

Boss Bottled United е достапен во шишиња од 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.

Boss Bottled United bottle