Треска што ја предизвикаа првите неколку епизоди од осмата и воедно последна сезона на глобално популарната ТВ серија Игра на тронови тешко е да се опише со зборови. Едно е сигурно, атмосферата се должи на фановите и возбудливите сцени со многу акција, а емитувањето на последната сезона совршено се совпадна со лансирањето на лимитирана мејкап колекција на славниот мејкап бренд Urban Decay.
Urban Decay Game of Thrones мејкап колекција!
На официјалниот сајт на брендот Urban Decay фановите од целиот свет со нетрпение ја дочекаа можноста да ја набават најочекуваната мејкап колекција оваа сезона за кое создавање снагите ги здружија Urban Decay и Game of Thrones.
Колекцијата во најмала рака е магична и вклучува многу посакувани производи за шминка, посебно прекрасната палета со сенки, палета со хајлајтери, кармини за усни, моливи за очи и четки кои се инспирирани од омилените места и храбрите жени од далечниот Westeros.
3D pop-up палета со сенки за очи!
Апсолутна ѕвезда на колекцијата е 3D pop-up палетата со сенки за очи, со 20 бестрашни бои кои претставуваат олицетворение на интензитетот и разновидноста на најмоќните играчи на Westeros: куќата Targaryen со блескави нијанси на скапоцени камења, Lannister со кралска металик мат и блескави нијанси, Stark со зачадени нијанси на мат и светкави нијанси и White Walkers со кристално ладни и светкави нијанси.
Палета со хајлатери!
Mother of Dragons Highlight е палетата со хајлатери која носи три нови интересни нијанси.
Кармини за усни!
Во колекцијата постојат четири различни нијанси на Game of Thrones Vice карминот за усни и Dracarys Lip & Cheek Stain во црвена боја.
Моливи за очи!
Иконските 24/7 Glide-On моливи за очи понудени се во четири нијанси, инспирирани од куќите Stark, Targaryen, Lannister и White Walkers.
Четки за шминкање!
Во колекцијата достапни се впечатливи четки за шминкање во форма на меч – Snow’s Longclaw и Arya Stark’s Needle