Најновото издание на Boss Bottled мирисната колекција носи морска и ароматична тема во култното шише на Boss. Новиот Boss Bottled Marine нуди многу свежина, водени и крцкави акорди кои ја истакнуваат мажественоста на дрвенестата основа.
Освежувачка интерпретација на замрзнато јаболко, дополнително изладено со нане!
Boss Bottled Marine е најновото издание за линијата Boss Bottled, која започна во 1998 година со првото издание Boss Bottled креирано од парфимерите Annick Menardo и Christian Dussoulier. Новата креација останува верна на оригиналот користејќи ноти од јаболко, но овој пат замрзнато јаболко, дополнително изладено со нане. Циметот е присутен и во двете композиции, оставајќи уникатен потпис над дрвенестите ноти.
Почувствувај се свежо, силно и самоуверено!
Уживајте во чувството на летен ден покрај море со Boss Bottled Marine Eau de Toilette, нова освежувачка интерпретација на мирисната линија Boss Bottled. Оваа оживувачка тоалетна вода се отвора со ерупција од замрзнати јаболка и енергично нане, во ладен контраст со зачинетото срце од цимет и жалфија. Основата со нотите на пачули, кашмир и сандалово дрво го комплетира овој дрвенесто воден мирис, евоцирајќи ја топлината на белото дрво на пладневно сонце.
Крцкавото замрзнато јаболко искомбинирано со топли дрвенести ноти ќе ја доловат атмосферата на летен ден покрај вода.
Шишето со ледено син завршеток ја рефлектира свежината на мирисот!
Boss Bottled Marine е претставен во препознатливото Boss Bottled стаклено шише со ледено син завршеток, кој ја рефлектира свежината на мирисот. Избрусеното капаче доаѓа во длабока, мажествена сина боја за безвременска елеганција инспирирана од морето.
Претставен во стаклено сино шише со темно сино капаче, тоалетната вода совршено го буди оптимистичкото расположение на сончев ден на брегот што ќе го инспирира мажот да сонува за лето.
Boss Bottled Marine Eau de Toilette е достапен во шишенца од 50 и 100 мл, како ограничено издание.