Вонземјанската мирисна приказна продолжува! Mugler Alien Fusion & Alien Man Fusion

Оваа пролет, брендот Mugler ќе ја продолжи својата „вонземјанска“ парфемска линија со нови мириси во ограничено издание на тема на оригиналниот Alien од 2005 година и Alien Men од 2018 година. Mugler Alien Fusion и Alien Man Fusion ќе бидат новиот мирисен пар инспириран од сончевото затемнување и потрагата по нова зора и светлина.

Alien Fusion

Alien Fusion  најавен е како моќен и сензуален женски мирис со зачинско-цветни и ориентални акорди, комбинирани со луксузни и топли ноти на зачини, заедно со интензивни бели цветови и интригантни и сензуални состојки на ванила и килибар. Мирисната креација е потпишана од парфимерите Fanny Bal и Dominique Ropion.

Alien талисман – шишенце во интензивно црвена боја!

Легендарното шишенце на Alien талисманот сега е поживо од било кога. Интензивната црвена боја ја доловува топлината на сонцето.

Новиот женски мирис Mugler Alien Fusion ќе биде достапен во 30 и 60 мл, како Eau de Parfum.

Alien Man Fusion

Alien Man Fusion е дрвенест, кожен и зачински мирис, најавен како заводлив, топол и елегантен машки парфем. Мирисните ноти на зачините како – цимет и ѓумбир, исто така присутни во женското издание, за освежуваат мирисната композиција составена од цвеќиња, дрвенести акорди и кожа.

Alien талисман – шишенце во сина нијанса!

Шишенцето на Alien Man Fusion парфемот е инспирирано од култниот талисман Alien, но истакнато со една нова – подлабока и поживописна сина нијанса.

Mugler Alien Man Fusion ќе биде достапен во 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *