дома Блог Страна 155

Еликсир: Тотална чистка, -70% во Еликсир Capitol Mall

Од Еликсир парфимерии пристигна неодолива понуда:

Тотална чистка -70% попуст…

Да, добро прочитавте…

Од 14.02 до 18.02, Еликсир парфимеријата во Capitol Mall & Residence организира ТОТАЛНА ЧИСТКА, се прави место за нови парфемски едиции.

Количините на производите на попуст се ограничени, а задоволството од шопинг до -70% неограничено.

- Реклама -

La Nuit Trésor à la Folie градина од рози до лудило од Lancôme

Линијата на мириси La Nuit Tresor од Lancôme, во почетокот на 2018 година се проширува со уште едно издание насловено како “La Nuit Trésor à la Folie”. (фр. “à la folie” –  мк. “до лудило”).

La Nuit Trésor градина од рози!

La Nuit Trésor мирисите се замислени како градина од рози. Досегашните линии од La Nuit Tresor Eau de Parfum и Rose Caresse Eau de Parfum содржеа Aphrodisiac Rose, додека во La Nuit Trésor Eau de Toilette се наоѓа Rose Passion. Новата линија на рози со име Rose Fougueuse, е хероина од изданието La Nuit Trésor à la Folie.

Водени од идејата дека љубовта се манифестира преку безброј комбинации на чувства, композицијата со своите мириси се обидува да опфати различни искуства. La Nuit Trésor à la Folie е интерпретација на љубовта на Lancôme во форма на потполно задоволство и предавање. Мирисните ноти ги развија Christophe Raynaud, Amandine Marie и Honorine Blanc.

Мирис за потполно задоволство и предавање!

Во горните мирисни ноти свежината на пикантниот розов бибер е надополнета со бергамот и овошје. Дамаск розата е истакната со јасмин, божур и љубичица во срцето на парфемот. Базата открива сензуалност со еликсирот од ванила со природни есенции на бурбон ванила, бензоин и тонка, збогатена со дрвенести ноти.

Дијамант во боја на рубин!

Шишенцето на La Nuit Tresor à la Folie е дијамант во боја на рубин симболизирајќи страствен дух, а на вратот е украсено со црна лента, на која со сребрени букви испишано е: ” à la folie “.

Lancôme La Nuit Trésor à la Folie ќе биде достапен како 30, 50 и 75 ml Eau de Parfum.

- Реклама -

СОВЕТ: Како вашиот парфем да трае подолго?

parfemi

Како вашиот парфем да трае подолго? Секојдневно се среќавам со прашања…

Парфемот е како крими роман, треба внимателно да го дозираме за да ја задржиме публиката во неизвесност.

Парфемот и неговата долготрајност!

Еден од многуте ценети квалитети на еден парфем е неговата долготрајност. Дури и ако не сте фанатик за ароматерапија, треба да знаете дека вдишувањето на миризливи масла го стимулира создавањето на пријатни асоцијации со одредени настани и луѓе, тоа тврдење научно е докажано.

Дали знаете дека хидрираната кожа обезбедува парфемот да трае подолго?

Парфемите не сакаат да се дружат со сува кожа, па затоа треба да ги привлечете со мали стимулации.

Започнете ја вашата рутина за нега на лицето и вратот со навлажнувачки крем за лице, а телото со навлажнувачки лосион за тело за да ја интензивирате влагата на вашата кожа. Со тоа сигурно ќе обезбедите долготрајност на вашиот мирис. Навлажнувачкиот крем за лице и лосион за тело ја хидрира кожата и делува како катализатор на вашиот мирис.

Најдобри резултати ќе постигнете ако користете лосион за тело од иста колекција како парфемот, но може да купите и лосион за тело кој е неутрален, односно без мирис.

Нанесувањето на парфемот треба да го практикувате по следниов редослед:

Веднаш после туширањето, нанесете го лосионот за тело и се додека кожата е влажна, прскајте неколку пати од вашиот парфем. Кожата ќе ја апсорбира целата мешавина, а топлината на телото постепено ќе ги ослободува молекулите на мирисот.

Миризлива коса? Да или Не?

Друг трик, кој исто така ќе го зголеми времетраењето и интензитетот на вашиот парфем е неговата примена на влажна коса. Веднаш штом ќе излезете од туш, нанесете малку на краевите на косата. Бидејќи косата постепено се суши, парфемот исто така ќе ги раздвојува молекулите со исто темпо. Откако ќе се исуши, кога ќе ја протресете косата, молекулите на парфемот ќе остават трага во воздухот, така што луѓето што ќе одат по вас, дефинитивно ќе го детектираат вашиот мирис.

Миризлива облека? Да или Не?

Вистина е дека eau de parfums мирисите се повеќе концентрирани од eau de toilettes мирисите и како такви тие можат да предизвикаат дамки на одредени ткаенини, затоа ви препорачувам никогаш да не нанесувате парфем на облека. Меѓутоа, ако ги прифатите моите совети, миризливата облека може да ви биде вистински сојузник.

Нанесете го парфемот на рабовите на облеката и на места каде што нема да бидат видливи.

Користете тенка марама и нежно нанесете го парфемот. Нека се исуши марамата на воздух и носете ја  како моден додаток со вашата омилена гардероба, трикот функционира и со капа.

Дали знаете како правилно да го чувајте парфемот?

Можеби не го знаете ова, но ако го оставите вашиот парфем на директна сончева светлина и на топло, некои од соединенијата во вашиот парфем ќе исчезнат, оставајќи ви ништо друго освен малку мирисна вода и алкохол.

Ако сте одлучиле да го чувате парфемот во вашата бања, немојте! Влажноста и топлината од бањата можат да влијаат на неговите соединенија, така што ви советувам да пронајдете друго посоодветно ладно и темно место за чување на вашите парфеми.

- Реклама -

Lacoste Pour Femme Intense, есенција за жена космополит

Lacoste Pour Femme Intense, концентрирана есенција за жена космополит и нејзината уникатна елеганција.

Есенција за жена космополит!

Лежерен, спортско-елегантен, мирисот Lacoste Pour Femme од 2003 година, после верзијата Eau de Parfum Légère од 2017 година, добива потопла Eau de Parfum Intense интерпретација во 2018 година. Според официјалите најави, Lacoste Pour Femme Intense претставува концентрирана есенција на жена космополит и нејзината уникатна елеганција.

Инспирирана од ставот на силна личност!

Новата мирисна композиција е топла, цветна, кадифена и со дрвенести ноти. Инспирирана од ставот на силна личност без ароганција, во комбинација од мекост и сила, самодоверба и елеганција. Горните мирисни ноти вклучуваат суптилна арома на карамела. Цветното срце ги задржува акордите на бугарските рози од оригиналот, како и препознатливите базни ноти од хималајски кедар и сандаловина.

Lacoste Pour Femme Intense ќе биде достапен како 30, 50 и 90 мл Eau de Parfum.

- Реклама -

YSL Mon Paris Couture инспириран од вечниот град Париз!

Mon Paris, мирисот на модниот бренд Yves Saint Laurent инспириран од вечниот град Париз, ќе биде претставен со ново издание Mon Paris Couture во февруари 2018 година. Ова е трето издание на линијата Mon Paris по оригиналното издание од 2016 година и верзијата Mon Paris Eau de Toilette.

Гламурозен и блескав женски мирис!

Mon Paris Couture е цветна и класична верзија на оригиналот. Најавен е како гламурозен и блескав женски мирис. Опојниот мирис на датура цветот освежен е со пупка од роза и цитрусни акорди на грејпфрут. Мирисната композиција ги задржува нотите на оригиналното издание како што се белиот божур, цветот од портокал, пачули и бел мошус. Ова издание повторно е создадено од парфемското трио Olivier Cresp, Harry Fremont и Dora Baghriche-Arnaud.

Yves Saint Laurent Mon Paris Couture ќе биде достапен како 30, 50, 90 мл Eau de Parfum.

- Реклама -

Шок третман! Намалување на обемот на стомакот со лепенките Collistar!

Италијанскиот бренд Collistar ви нуди производ за обликување на телото за само 4 недели со Body Patch ултра иновативна формула која помага да го намалите обемот на стомакот и колковите.

Collistar Body Patch лепенките може да се применуваат во текот на денот или пак во вечерните часови пред спиење, на сува и чиста кожа.

Секое пакување содржи 8 лепенки во несесер, изработени од многу мек материјал, ултра-комфорни и обликувани да се прилепат на стомакот и колковите исто како “втора кожа“.

Вашата фигура ќе се обликува пред вашите очи!

Лепенките треба да останат на кожата осум часови. Нивната употреба е многу едноставна. По отстранувањето на фолијата, ставете го централниот дел на местото што сакате да го обликувате, а потоа отстранете ја страничната фолија и залепете го остатокот од лепенката. Секое пецкање или чувство на топлина е знак дека производот дејствува. Неделно треба да се употребуваат две лепенки, а крајните резултати можат да се видат по 4 недели.

Дополнителен совет!

За уште подобри резултати, употребете Intensive Abdomen и Hip Treatment Night во деновите кога не ги употребувате лепенките.

Вашата фигура ќе се обликува пред вашите очи.

- Реклама -

Космо: Неодолива акција L’Oreal Nude Magique Cushion

Неодолива акција во Космо, течната пудра од брендот L’Oreal Nude Magique Cushion сега со намалување од -50%, само за 416 денари.

- Реклама -

YSL Black Opium New Glowing Eau de Toilette, Нова блескава зависност

YSL Black Opium New Glowing Eau de Toilette, нова блескава зависност во форма на Eau de Toilette.

Доживеете новa блескава зависност!

Во почетокот на 2018 година, Yves Saint Laurent презентира нова верзија на оригиналниот мирис Black Opium од 2014 година и тоа на Eau de Toilette линијата првично претставена во 2015 година. Новата свежа Eau de Toilette линија е наречена Black Opium New Glowing Eau de Toilette и Ве повикува да доживеете “новa блескава зависност.”

Во потрага по неочекуваното!

Енергична, импулсивна и зависна од забави, Black Opium Eau de Toilette жената ужива во нови искуства со пријателите. Таа живее во моментот и секогаш е во потрага по неочекуваното.

Нејзиниот мирислив потпис е: Нова блескава зависност во форма на Eau de Toilette.

Акорди на црно кафе!

Композицијата е свежа и слатко цветно-ориентална со препознатлив акорд на црно кафе, освежена со мирисни ноти на круша и цитрус во горните ноти. Срцето на мирисот е создадено од бели цветови, акорди поставени на ориентална и дрвенеста основа.

Yves Saint Laurent Black Opium Glowing Eau de Toilette е достапен во количества од 50 и 90 мл.

 

- Реклама -

Rimmel Shades of Black By Rita Ora, уште една возбудлива соработка

Rimmel London ги здружи своите сили со популарната Rita Ora за уште една возбудлива соработка. Во 2014 година Rimmel ги обелодени плановите за својата прва соработка со познатата британска пејачка и актерка. Тогаш беа лансирани широк спектар на лакови за нокти со разнобојни и високо интензивни бои во инспиративна амбалажа и пет нови течни кармини за усни дизајнирани од самата Rita Ora. Минатото лето соработката на Rita Ora и Rimmel продолжи со линијата наречена Chameleon Collection.

Catwalk’s gothic изглед!

Последната нивна соработка е лансирањето на уште една сезонска линија, овој пат инспирирана од catwalk’s gothic изгледот!

Rimmel со новата линија прави мрачен пресврт на боите Shades of Black. Оваа колекција нуди четири ноќни нијанси на лакови за нокти и три соодветни нијанси на течни кармини за усни. Колекцијата е идеална за поигрување со вашиот мејкап изглед, бидејќи никогаш нема да бидете доволно сигурни дали ви прилега се додека не се обидете на себе.

Rimmel 60 Seconds лаковите за нокти потпишани од страна на Rita Ora се со висока долготрајност кои ветуваат до 10 дневна издржливост, брзо се сушат што ги прави многу практични. Понудената палета на лакови за нокти се состои од 4 нијанси:

902 Moonlight Magic, полноќна сина
903 Midnight Ting, црна-виолетова
905 Girl in Gray, сива
906 Matte Black, мат црна

Rimmel Oh My Gloss! By Rita Ora течните кармини нудат до 6 часовна долготрајност и сјај. Текстурата е нелепливата и лесна, збогатена со Арганово масло и витамин Е. Oh My Gloss линијата содржи 3 нијанси:

810 Desire
820 Moonlight
830 Rita’s Black

- Реклама -

MAC Cosmetics го објави лансирањето на Hyper Real Glow хајлајтер палети

MAC Cosmetics го објави лансирањето на две сосема нови хајлајтер палети!

Како што открива брендот MAC, новите MAC Hyper Real Glow хајлајтер палети доаѓаат оваа пролет! Возбудливото ново издание ќе пристигне во две различни опции, секоја со три различни нијанси.

Првата хајлајтер палета на MAC Hyper Real Glow се нарекува Flash и Awe и има три розови нијанси наречени Flash+Awe, Rosy Glow и Light of the Party. Секој од нив содржи свежи сребрени подтонови кои даваат комплетен бисерен сјај на лицето.

MAC Hyper Real Glow хајлајтер палета Flash и Awe

Втората палета, наречена Get It Glowin, е со малку потопли бои, создавајќи хармонија на трите златно-бронзени нијанси: Gold Coasting, Get it Glowin и Rosy Cheer. Оваа хајлајт палета е одличен избор за средни до длабоки тонови на кожата на лицето.

MAC Hyper Real Glow хајлајер палета Get it Glowin

Како што откриваат мејкап артистите на MAC, секоја од овие нијанси се базира на супер кремаста формула дизајнирана да ви даде суптилен сјај и прозрачен изглед на вашето лице. Текстурата е свилена и не ја суши кожата.

 

- Реклама -

Најнови објави